Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Падна одлука: На Израел му дозволија да учествува на Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Скандал ја тресе Евровизија: Словенија, Шпанија, Холандија и Ирска го откажаа учеството поради Израел

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

Димитриеска-Кочоска: Силни институции се клучни за креирање поволна деловна клима и градење функционална пазарна економија

Press OnlinePress Onlineсептември 24, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Централниот регистар одбележа 24 години постоење. Минстерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на одбележувањето истакна дека Централниот регистар претставува столб на економската и правната инфраструктура и е клучна алка во креирањето поволна деловна клима, унапредување на транспарентноста и заштитата на правата на правните и физичките лица.

„Вмрежувањето и заедничкото градење на институционални капацитети се клуч за силно и активно граѓанско општество. За да изградиме функционална пазарна економија што се темели на знаење, иновации и одржлив развој, мора да имаме силни институции и здрава деловна клима. Токму затоа, соработката со Централниот регистар е од суштинско значење„ потенцира министерката Димититриеска-Кочоска.

Таа наведе дека во изминатиот период Централниот регистар се етаблираше како доверлива и современа институција, којашто има значајна улога во изградбата на ефикасен, транспарентен и модерен институционален систем и дека преку водењето на различните регистри обезбедува темелна поддршка за функционирањето на пазарната економија, заштитата на инвестициите и довербата во институциите и придонесува за зголемена правна сигурност и побрз економски развој.

Министерката истакна дека со цел обезбедување статистички податоци и показатели за државната економија, кои ќе се користат за пресметка на индикаторите за мерење на обемот и за редовно следење на неформалната економија, ќе се работи на усовршување на системите за генерирање, следење и мерење на показателите за правните субјекти, кои имаат влијание во формирањето поволна деловна клима за инвеститорите.

Димитриеска-Кочоска ја потенцира и важноста на Централниот регистар во борбата против сивата економија, зголемувањето на фискалната дисциплина и унапредувањето на деловната етика.
„Мисијата на Министерството за финансии е преку успешно управување на јавните финансии да се постигне повисок економски пораст и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Македонија.
Во таа насока се преземени голем број иницијативи за подигање на нивото на финансиска писменост на населението и за поголема финансиска вклученост во земјата, особено на младите. Во таа насока ги поздравувам иницијативите и на Централниот регистар сè со цел да дадеме сè од себе како институции во процесот на охрабрување на младите да водат сопствен бизнис“, рече министерката за финансии Димитриеска-Кочоска на одбележувањето 24 години од формирањето на Централниот регистар на Македонија.

На свеченоста се обратија и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорката на Централниот регистар Анита Стамнова.

Поврзани објави

Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

декември 4, 2025

Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

декември 4, 2025

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

декември 4, 2025
НАЈНОВО

Падна одлука: На Израел му дозволија да учествува на Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Скандал ја тресе Евровизија: Словенија, Шпанија, Холандија и Ирска го откажаа учеството поради Израел

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.