Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница преку жрепка ја утврди единствената листа на кандидати за претстојните Локални избори 2025.
На гласачкото ливче за градоначалници и совети, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии и коалиции ќе се најдат под следниве редни броеви:
1.Искуство за успех
2.ЗНАМ
3.Демократска партија на Србите
4.Национална Алијанса за интеграција (НАИ – ДУИ)
5.Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ
6.Левица
7.Коалиција ВЛЕН
8.Коалиција за Зелена иднина
9.Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ
Според извлекувањето, владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи под број 9, додека најголемата опозициска партија СДСМ ќе биде под број 5. Коалицијата ВЛЕН ќе биде со број 7, а Националната Алијанса за интеграција (НАИ – ДУИ) број 4.
Изборната кампања официјално започнува во понеделник на 29 септември и ќе трае до 17 октомври, односно 24 часа пред денот на изборите. Граѓаните ќе гласаат на 19 октомври, а доколку биде потребен втор круг, тој е закажан за 2 ноември.

