Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

8 јуни 2026

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Здруженијата од правосудството, наместо да се гласни и да бараат само повисоки плати, нека почнат постапки за корумпираните колеги

Press OnlineBy Press Online25 септември 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Здружението на судии и обвинители зборуваат за се освен за суштинските проблеми во земјата. Ако со нивната гласност сакаат да изгледаат како бранители на правдата тогаш зошто нема конкретни чекори, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали нема затоа што и тие се дел од проблемот и до кога ќе дозволуваат корупцијата да остане заштитена во систем кој треба да ги штити граѓаните?

Ова е невидено лицемерие, не штитат правда, туку корупција, што претставува директна кражба на довербата на граѓаните.

Ако сакаат правда време им е да почнат постапка“, потенцираа во соопштението.

„На пример, да почнат со Наќе Ѓорѓиев, врховен судија и претседател на Судски совет и Иџет Мемети, јавен обвинител и заменик претседател на Советот на јавни обвинители. Луѓе кои признаа дека имаат земено мито од 10.000 евра за влијание врз судски пресуди, па едниот се спогоди, другиот се стекна со условна осуда.

Ова е доказ за системот на СДС и ДУИ.

И ова не е изолирана појава, туку е проблем кој произлегува од влијанието на СДС и ДУИ, го има и во другите институции.

Што сакаат да им порачаат на граѓаните? Дека високи функционери во судството и обвинителството можат да бидат вклучени во директна злоупотреба на своите функции?

Граѓаните гледаат, граѓаните не ги следат само високите случаи, кои имаат поголемо медиумско внимание. Граѓаните ова го знаат и од прва рака, на пример во основните судови“, соопшти владејачката партија.

„Граѓаните ја гледаат неправдата која СДС и ДУИ сe уште им ја нанесува, па дури и од опозиција.

Па како очекуваат граѓаните да имаат доверба во правдата ако виновниците остануваат неказнети?

Ако за ова Здружението на судии и обвинители кои се само многу гласни, ама ако сакаат правда, време им е да почнат постапки за корумпираните колеги“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026
НАЈНОВО

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

8 јуни 2026

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.