Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СЗО бара прогласување глобална вонредна состојба

16 мај 2026

Иран тврди дека европски земји преговараат за добивање дозвола за минување низ Ормуска Теснина

16 мај 2026

Две девојки прегазени на „Радишанска“, возачот побегнал

16 мај 2026

Тешко е да се опише колку е корумпиран Трамп. Најголемата истрага досега објавена

16 мај 2026

(Видео) Објавена снимка од излетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ во Сплит

16 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 16
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Ѓорѓиевски: “SKOPJE CITY GO“, Мал Ринг зона без автомобили, град без депони – современо и паметно урбано Скопје

Press OnlineBy Press Online25 септември 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Прес24 вели дека јвниот превоз во Скопје мора да се издигне на нивото на модерен систем, како во големите метрополи.

-Да биде ефикасен, интегриран и достапен за сите. Мојот пристап е практичен, бидејќи нуди воспоставување на поврзан систем кој ќе ги обедини градските и приватните автобуси, брзите автобуски линии, градскиот воз во соработка со Владата, односно Министерството за транспорт и врски, велосипедските мрежи и пешачките коридори во една дигитално координирана платформа. Со тоа Скопје ќе добие превоз по европски стандарди, точен, брз, еколошки и достапен за секој граѓанин. Клучен дел од оваа трансформација е целосната обнова на возниот парк, новите сообраќајни решенија и удвојувањето на бројот на велоспиедските патеки, што ќе ја намали зависноста од автомобилите, ќе го растовари метежот на улиците и ќе ја претвори нашата метропола во поуреден, поеколошки и поквалитетен град за живеење, смета Ѓорѓиевски.

Тој посочува дека сообраќајот во главниот град ќе го решаваат системски, а не парцијално. Клучна насока ќе биде растеретување на метежот преку довршување на започнатите булевари и изградба на нови, пробивање на улици, изградба на нови кружни текови, мостови и катни гаражи кои се дел од решенијата за сообраќајот во мирување.

Во однос на сообраќајот и централното градско подрачје, Ѓорѓиевски има план за постепено намалување на сообраќајот во центарот, се до негово потполно згаснување.

-Како пилот-проект, ќе воведеме викенди без автомобили во “Малиот Ринг”, за да му го вратиме просторот на граѓаните и да ја намалиме загаденоста. Целта е во иднина центарот да стане зона со “нула автомобили”, како што е случај во современите европски метрополи, на пример, во Љубљана, вели Ѓорѓиевски.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

Поврзани содржини

Иран тврди дека европски земји преговараат за добивање дозвола за минување низ Ормуска Теснина

16 мај 2026

Две девојки прегазени на „Радишанска“, возачот побегнал

16 мај 2026

(Видео) Објавена снимка од излетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ во Сплит

16 мај 2026
НАЈНОВО

СЗО бара прогласување глобална вонредна состојба

16 мај 2026

Иран тврди дека европски земји преговараат за добивање дозвола за минување низ Ормуска Теснина

16 мај 2026

Две девојки прегазени на „Радишанска“, возачот побегнал

16 мај 2026

Тешко е да се опише колку е корумпиран Трамп. Најголемата истрага досега објавена

16 мај 2026

(Видео) Објавена снимка од излетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ во Сплит

16 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.