Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

ВРЕДИ: На кој јазик синот на Талат Џафери го положи правосудниот испит?!

19 април 2026

Корумпираниот судија од Врховен „ќари“ условен отпуст: наместо за три години, веќе летово ќе си го помине на слобода

19 април 2026

Најстудено изутринава во Берово минус еден степен, највисока температура во Скопје и Велес – осум степени

19 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, април 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ООН отвори истрага по тврдењето на Трамп дека бил жртва на „тројна саботажа“

Press OnlineBy Press Online25 септември 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја извести Постoјаната мисија на САД при Светската организација дека е наредена детална истрага по барање на Вашингтон за наводните инциденти што се случиле за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Генералното собрание на ОН.

Портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дуџарик, изјави дека Обединетите нации се подготвени целосно и транспарентно да соработуваат со надлежните американски власти.

Трамп, кој се обрати на генералната дебата на 23 септември во Њујорк, еден ден подоцна побара итна истрага во врска со, како што ги нарече, „тројни саботажи“ – инциденти поврзани со ескалатор, телепромптер и озвучување. „Ова не беше случајност, ова беше тројна саботажа во ОН. Треба да се срамат. Испраќам примерок од ова писмо до генералниот секретар и барам итна истрага“, напиша тој во објава на неговата мрежа Трут Соушл (Truth Social).

Првиот инцидент се случил кога Трамп и првата дама Меланија Трамп се качиле на ескалатор во зградата на ОН, кој нагло застанал. „Неверојатно е што Меланија и јас не паднавме со лицето напред врз острите рабови на овие метални скали. Само тоа што цврсто ги држевме рачките спречи катастрофа“, напиша Трамп. Тој потсети на напис во британскиот Сандеј Тајмс, според кој службеници на ОН претходно се шегувале дека би можеле да исклучат ескалатор за да го понижат американскиот претседател. „Оние што го сторија тоа треба да бидат уапсени!“, додаде тој.

Вториот проблем бил со телепромптерот, кој престанал да работи во текот на неговиот говор. „Можам само да кажам дека кој и да го управува овој телепромптер е во големи неволји“, изјави Трамп. Подоцна од ОН беше соопштено дека уредот не бил во нивна надлежност, туку го донела и користела делегацијата на Белата куќа, која ги приклучила сопствените лаптопи во системот на ОН.

Третиот инцидент се однесува на озвучувањето во салата. Според Трамп, звукот бил „целосно исклучен“ и „светските лидери не можеа ништо да слушнат без слушалки за превод“. Од ОН објаснија дека системот е дизајниран говорите да се слушаат преку слушалки со превод на шест јазици, и дека не се забележани поголеми технички проблеми.

Белата куќа ги поддржа тврдењата на претседателот. Портпаролката Каролин Левит на платформата „X“ напиша: „Ако некој во ОН намерно го запрел ескалаторот токму кога претседателот и првата дама стапија на него, мора веднаш да биде отпуштен и истражен“.

Американскиот амбасадор во ОН, Мајк Волц, исто така оцени дека инцидентите се „неприфатливи“ и „симптоматични за расипана институција која претставува сериозен безбедносен ризик“. „САД нема да толерираат закани за нашата безбедност и достоинство на меѓународни форуми. Очекуваме брза соработка и одлучна акција“, напиша Волц.

ОН, пак, понудија свои објаснувања. Дуџарик изјави дека ескалаторот можеби бил запрен ненамерно од снимател од делегацијата на Трамп, кој се движел наназад снимајќи го парот, и на тој начин ја активирал безбедносната команда за итен прекин. Друг портпарол, Фархан Азиз Хак, повтори дека телепромптерот бил опрема на американската делегација и прашањата треба да се упатат до Белата куќа.

Истрагата за инцидентите е во тек.

Поврзани содржини

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

18 април 2026

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

18 април 2026
НАЈНОВО

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

ВРЕДИ: На кој јазик синот на Талат Џафери го положи правосудниот испит?!

19 април 2026

Корумпираниот судија од Врховен „ќари“ условен отпуст: наместо за три години, веќе летово ќе си го помине на слобода

19 април 2026

Најстудено изутринава во Берово минус еден степен, највисока температура во Скопје и Велес – осум степени

19 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.