Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Зошто Европа се затоплува многу побрзо од остатокот од светот?

20 јуни 2026

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување со возило – 11 без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, еден и покрај активна забрана

20 јуни 2026

Два земјотреси го погодија Kрит, туристите итно евакуирани

20 јуни 2026

Во изминатото деноноќие 12 лица лишени од слобода поради поседување дрога

20 јуни 2026

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Трамп се заканува дека ќе ги запре парите за Њујорк ако Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник

Press OnlineBy Press Online30 септември 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот претседател Доналд Трамп, преку својата социјална мрежа Truth Social, се закани дека ќе ги запре парите за Њујорк ако Зохран Мамдани, кого го нарекува самопрогласент комунист, победи на изборите за градоначалник.

Самопрогласениот комунист на Њујорк, Зохран Мамдани, кој се кандидира за градоначалник, ќе се покаже како едно од најдобрите нешта што некогаш ѝ се случиле на нашата голема Републиканска партија. Тој ќе има проблеми со Вашингтон како ниеден градоначалник во историјата на нашиот некогаш голем град.

Запомнете, му требаат парите од мене, како претседател, за да ги исполни сите негови ЛАЖНИ комунистички ветувања. Нема да добие ништо од нив, па која е поентата да се гласа за него?

Оваа идеологија не успевала, секогаш, со илјадници години. Ќе пропадне повторно, и тоа е гарантирано! објави Трамп на Truth Social.

Зохран Кваме Мамдани првпат беше избран во Собранието на државата Њујорк во 2020 година, победувајќи го актуелниот четирикратен пратеник Аравела Симотас на демократските прелиминарни избори. Тој беше повторно избран без противкандидат во 2022 и 2024 година. Мамдани, демократски социјалист, се кандидира за градоначалник на Њујорк на изборите во 2025 година за да ги намали трошоците за живот за њујорчаните од работничката класа. Роден во Уганда и израснат во Њујорк, тој се бори за работничката класа во и надвор од законодавниот дом.

Денот на општите избори за градоначалник на Њујорк е првиот вторник од ноември.

Трамп е во конфликт и со дегашниот градоначалник на Њујорк, откако објави дека Чикаго и Њујорк, градови управувани од демократите, ќе бидат следните што ќе бидат ставени под контрола на федералните сили, како главниот град Вашингтон, со цел борба против криминалот, иако Њујорк бележи постојан пад на насилството во последните децении и моментално има релативно ниска стапка на убиства во споредба со другите големи градови во САД.

Д. Мишев / Цивил Медиа

Поврзани содржини

Зошто Европа се затоплува многу побрзо од остатокот од светот?

20 јуни 2026

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026

Птичјиот грип пристигна на сите континенти

20 јуни 2026
НАЈНОВО

Зошто Европа се затоплува многу побрзо од остатокот од светот?

20 јуни 2026

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување со возило – 11 без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, еден и покрај активна забрана

20 јуни 2026

Два земјотреси го погодија Kрит, туристите итно евакуирани

20 јуни 2026

Во изминатото деноноќие 12 лица лишени од слобода поради поседување дрога

20 јуни 2026

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.