Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Израелскиот министер за одбрана со смртна закана за лидерот на Хезболах

21 април 2026

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГО ПОДДРЖА ЈУБИЛЕЈНОТО 25-ТО. ИЗДАНИЕ НА ВИЕНСКИОТ БАЛ ВО МАКЕДОНИЈА

21 април 2026

СДСМ: ВМРО-ОКГ ангажирала Black Cube за следење на опозицијата – Дури и на погребот на дедото на Саша Димитријевиќ

21 април 2026

И Пренџов со листа очекувања од за јавниот обвинител – наброја кандидати за кривичен прогон од СДСМ и ДУИ

21 април 2026

Операција во Фидес за спасување на Виктор Орбан

21 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

Press OnlineBy Press Online1 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од 12 октомври годинава Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 годи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Овој нов дигитален систем, како што велат од МВР, претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти), како и точни записи за датумите на влез и излез.

– EES се однесува на сите државјани од земји кои не се членки на Европската Унија или Шенген зоната и кои патуваат за краток престој (до 90 дена во рамки на 180 дена). Тоа ги опфаќа патниците кои се ослободени од виза за влез во ЕУ, патниците кои поседуваат виза за краток престој. Граѓаните на земјите-членки на ЕУ и на Шенген зоната не подлежат на новиот систем, посочуваат од МВР.

Системот, како што се наведува во соопштението, ќе биде активен на сите надворешни гранични премини на 29 земји, меѓу кои се: Грција, Бугарија, Австрија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, како и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

– Со EES, Европската Унија има за цел да ја зголеми безбедноста на граѓаните, преку подобро откривање на фалсификувани документи и идентитетски измами, да ја подобри борбата против криминалот, тероризмот и нелегалната миграција, да го олесни патувањето преку побрзи и поефикасни гранични проверки, да обезбеди прецизна дигитална евиденција за времетраењето на престојот,  елиминирајќи можни недоразбирања кои порано настануваа со рачните печати, велат од МВР.

Оттаму појаснуваат дека при првото патување по воведувањето на системот, патниците ќе поминат низ целосен процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување на податоци од пасошот. За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации.

При следните патувања, како што велат од МВР, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка.

– Во периодот од октомври 2025 до април 2026 системот ќе се воведува по фази. Тоа значи дека дел од патниците сè уште ќе добиваат печат во пасошите, додека постепено сите гранични премини не преминат на целосна дигитална евиденција. Од 10 април 2026 година, печатите во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи, истакнуваат од МВР.

Во соопштението се посочува дека сите податоци ќе се обработуваат и чуваат согласно строгите стандарди на Европската Унија и Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). Со тоа се гарантира целосна заштита на приватноста и транспарентна употреба на собраните информации.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани на Република Северна Македонија кои планираат патувања во земјите на Шенген зоната да се информираат за новите правила и постапки, со цел нивните патувања да бидат навремени, безбедни и без непотребни доцнења.

Поврзани содржини

Израелскиот министер за одбрана со смртна закана за лидерот на Хезболах

21 април 2026

Операција во Фидес за спасување на Виктор Орбан

21 април 2026

Такер Карлсон жали што го поддржуваше Трамп: „Ги доведовме луѓето во заблуда“

21 април 2026
НАЈНОВО

Израелскиот министер за одбрана со смртна закана за лидерот на Хезболах

21 април 2026

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГО ПОДДРЖА ЈУБИЛЕЈНОТО 25-ТО. ИЗДАНИЕ НА ВИЕНСКИОТ БАЛ ВО МАКЕДОНИЈА

21 април 2026

СДСМ: ВМРО-ОКГ ангажирала Black Cube за следење на опозицијата – Дури и на погребот на дедото на Саша Димитријевиќ

21 април 2026

И Пренџов со листа очекувања од за јавниот обвинител – наброја кандидати за кривичен прогон од СДСМ и ДУИ

21 април 2026

Операција во Фидес за спасување на Виктор Орбан

21 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.