Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и Гевгелија

20 јуни 2026

Две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

20 јуни 2026

Зошто Европа се затоплува многу побрзо од остатокот од светот?

20 јуни 2026

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување со возило – 11 без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, еден и покрај активна забрана

20 јуни 2026

Два земјотреси го погодија Kрит, туристите итно евакуирани

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Фредериксен: Русија е закана за цела Европа, за да изградиме посилна Европа треба да ја прошириме ЕУ

Press OnlineBy Press Online3 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската Унија мора да се држи до својата стратегијата, а проширувањето е дел од таа стратегија и тоа е прашање е важно како за ЕУ, така и за целиот европски континент, порача данската премиерка Мете Фредериксен по завршувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Копенхаген, на кој учествуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

– Мора да изградиме што е можно посилна Европа, што, според мене, значи и проширување на Европската Унија, рече Фредериксен на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фредериксен нагласи дека 26 земји се согласуваат „дека Украина, Молдавија и другите земји“ треба да и се придружат на Унијата и не треба да се дозволи една држава да решава за европската иднина. – Мора продолжиме да се обидуваме да најдеме решение, но мислам дека мора да се држиме до стратегијата, додаде данската премиерка.

Зеленски, пак, истакна дека денеска на состанокот лидерите разговарале за европската иднина на Украина, на Молдавија и на Западниот Балкан и сите се согласиле дека Киев е подготвена за старт на преговорите за членство во ЕУ со отворање на Кластерот 1 – Основни вредности. – Важно е да се одржат ветувањата, додаде Зеленски.

Според него, никој не може да го блокира украинскиот пат кон ЕУ, затоа што одлука и волја на украинскиот народ е да ја види Украина како членка на Унијата.  
– Патем, Русија и ја започна оваа војна поради нашата волја и нашиот избор е да одиме директно кон ЕУ, бидејќи се чувствуваме исто и ги споделуваме истите вредности со сите други европски земји, истакна Зеленски.

Фредериксен, од своја страна, потенцира дека на сите им е јасно оти Русија не е закана само за Украина, туку во последно време и за цела Европа, преку повреди на воздушниот простор, хибридни закани, миграциски притисоци на границите, мешање во демократските избори и кибер напади врз критичната инфраструктура.

– Европската политичка заедница ги зближува земјите од цела Европа, кои, се разбира, имаат различни ставови за многу различни прашања, но сите овие разлики веќе не се толку важни поради големиот предизвик што сите споделуваат – заканата од Русија кон Европа. Затоа нашата заедничка цел сега е едноставна – мора да можеме да се одбраниме и мора да ги браниме вредностите во кои веруваме, рече данската премиерка.

Потсетувајќи дека Европската политичка заедница беше формирана како директен одговор на руската агресија врз Украина, Фредериксен изрази задоволство што на денешниот собир е потврдена европската непоколеблива поддршка за земјата и за украинскиот народ.

– Русија не тестира повеќе од кога било досега. Треба да стоиме цврсто заедно и сега повеќе од кога било треба да ги здружиме силите за да изградиме посилна и побезбедна Европа, пред се преку зајакнување на нашата поддршка за Украина со оружје и со засилени санкции кон Русија, рече Фредериксен.

Таа нагласи дека на сите Европејци треба да им биде јасно дека „секое евро, долар или данска круна“ што и се испраќаат како помош на Украина, всушност се инвестиција во европската безбедност.

– Речиси четири години, вие и вашите сонародници ја браните Украина од масовната руската воена агресија, со што ја браните и Европа, изјави Фредериксен обраќајќи му се на Зеленски.

Данската премиерка додаде дека покрај во поддршката на Украина, Европа мора да инвестира и во зајакнувањето на сопствената одбрана со цел да биде толку силна што војна против неа повеќе не би било опција.

Зеленски оцени дека на денешниот состанок јасно се покажало дека Европејците се решени да одговорат на растечката закана што доаѓа од Русија.

– Руските дронови отидоа предалеку. Русија отиде предалеку со опасните инциденти во Данска, другите нордиски земји, Полска, Романија и балтичкиот воздушен простор. Сето ова покажува дека е потребна заедничка акција. Секоја европската земја треба да има можност да урива дронови, рече Зеленски.

Затоа, според него, е потребна заедничка акција за одбрана од дронови и независно од тоа како таа ќе се нарекува, таа треба да овозможи заштита на секоја европска земја од беспилотните летала и сите други закани од Русија.

– Русија прави многу грешки и затоа треба да го зголемиме притисокот сега, за да ја принудиме да ја прекине војната и да ја промени својата политика, додаде Зеленски.

Тој ги повика европските земји да ги ограничат набавките на руски енергенси и да ги ослабнат врските со Русија, бидејќи како што рече секоја врска на една земја со Москва може да биде искористена против неа.

Инаку, на почетокот на прес-конференцијата Фредериксен изрази сочувство до британскиот народ, еврејската заедница и британскиот премиер Кир Стармер поради, како што рече, „ужасниот инцидент“ во Манчестер. – Во овие тешки времиња моите мисли се со семејства на жртвите, нагласи Фредериксен.

Поврзани содржини

Зошто Европа се затоплува многу побрзо од остатокот од светот?

20 јуни 2026

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026

Птичјиот грип пристигна на сите континенти

20 јуни 2026
НАЈНОВО

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и Гевгелија

20 јуни 2026

Две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

20 јуни 2026

Зошто Европа се затоплува многу побрзо од остатокот од светот?

20 јуни 2026

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување со возило – 11 без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, еден и покрај активна забрана

20 јуни 2026

Два земјотреси го погодија Kрит, туристите итно евакуирани

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.