Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

20 јуни 2026

Зошто Европа се затоплува многу побрзо од остатокот од светот?

20 јуни 2026

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување со возило – 11 без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, еден и покрај активна забрана

20 јуни 2026

Два земјотреси го погодија Kрит, туристите итно евакуирани

20 јуни 2026

Во изминатото деноноќие 12 лица лишени од слобода поради поседување дрога

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Трамп упати ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

Press OnlineBy Press Online3 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро го критикуваше Хамас за одолговлекувањето со одговорот на неговиот план за мир во Газа и враќање на заложниците, потсетувајќи на масакрот од 7 октомври.

Трамп во објавата тврди дека над 25.000 членови на Хамас се убиени, а останатите ги опиша како „опкружени и под воена опсада“.

Тој изјави дека Палестинците треба да ги напуштат опасните области на Газа и даде ултиматум Хамас да се согласи на договор до недела во 18 часот по вашингтонско време, велејќи им на членовите на Хамас дека ова е нивната „последна шанса“.

„Хамас е немилосрдна и насилна закана на Блискиот Исток со години! Тие убиваат (и го прават животот неподнослив), што кулминира со МАСАКРОТ на 7 октомври во Израел – бебиња, жени, деца, стари лица и многу млади мажи и жени, момчиња и девојчиња кои се подготвуваа да го прослават својот иден живот заедно. Како одмазда за нападот врз цивилизацијата на 7 октомври, повеќе од 25.000 „војници“ на Хамас веќе се убиени. Повеќето од другите се опкружени и воено опколени, тие само чекаат да им го кажам зборот „ОДИ“ за брзо да им се згасне животот“, наведува Трамп во својата остра објава до палестинската милитантна група.

„Што се однесува до другите, додава американскиот претседател, знаеме каде сте и кои сте, и ќе бидете прогонувани и убиени. Ги молам сите невини Палестинци веднаш да ја напуштат областа каде што може да има големо крвопролевање и да се преселат во побезбедни делови од Газа. Сите ќе бидат добро згрижени од оние кои се подготвени да помогнат. За среќа на Хамас, сепак, ќе добијат последна шанса! Големи, моќни и многу богати држави на Блискиот Исток и околните области, заедно со САД, се договорија – со согласност на Израел – за МИР по 3000 години на Блискиот Исток.

„ОВОЈ ДОГОВОР ГИ СПАСУВА ЖИВОТИТЕ НА СИТЕ ПРЕОСТАНАТИ БОРЦИ НА ХАМАС! Деталите од документот се познати на СВЕТОТ и тоа е одлична зделка за СИТЕ! Ќе имаме МИР на Блискиот Исток, на еден или друг начин. Насилството и крвопролевањето ќе престанат. ОСЛОБОДЕТЕ ГИ СИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ТЕЛАТА НА МРТВИТЕ, СЕГА! Мора да се постигне договор со Хамас до недела во ОСУМНАЕСЕТ (18) ЧАСОТ по вашингтонско време“, дециден е претседателот Трамп.

„Секоја земја се согласи (за договорот)! Ако не се постигне овој договор – ПОСЛЕДНА ШАНСА, врз Хамас ќе се спушти ПЕКОЛ каков што никој досега не видел. ЌЕ ИМА МИР НА БЛИСКИОТ ИСТОК НА ЕДЕН ИЛИ ДРУГ НАЧИН. Ви благодарам за вашето внимание по ова прашање!“ – Претседател Доналд Џ. Трамп, напиша американскиот претседател на својата мрежа Truth Social.

Хамас претходно денеска соопшти дека му треба уште време за да го проучи планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Појасот Газа, која трае речиси две години.

Хамас бара повеќе време за да го проучи ултиматумот на Трамп за прекин на војната во Газа

Поврзани содржини

Зошто Европа се затоплува многу побрзо од остатокот од светот?

20 јуни 2026

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026

Птичјиот грип пристигна на сите континенти

20 јуни 2026
НАЈНОВО

Две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

20 јуни 2026

Зошто Европа се затоплува многу побрзо од остатокот од светот?

20 јуни 2026

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување со возило – 11 без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, еден и покрај активна забрана

20 јуни 2026

Два земјотреси го погодија Kрит, туристите итно евакуирани

20 јуни 2026

Во изминатото деноноќие 12 лица лишени од слобода поради поседување дрога

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.