Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд

20 јуни 2026

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и Гевгелија

20 јуни 2026

Две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

20 јуни 2026

Зошто Европа се затоплува многу побрзо од остатокот од светот?

20 јуни 2026

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување со возило – 11 без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, еден и покрај активна забрана

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

ЕК: Кратењето на американската глобална помош, можност за раст на меѓународното влијание на ЕУ

Press OnlineBy Press Online6 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Намалувањето на американските средства за помош на трети земји ќе создаде недостиг на финансии за поддршка на повеќе области, како владеењето на правото, човековите права, безбедноста и миграцијата, со што се отвора можност за ЕУ да ги пополни тие празнини и да го зголеми своето влијание во странство, се наведуваа во работен документ доставен до постојаните претставници на земјите членки на Унијата во Брисел.

Кога Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку месеци укина значителен дел од програмите за странска помош, ЕУ официјално излезе став дека „не може да ја пополнува празнината што ја оставиле други“. Сепак, зад сцената, во Европската комисија и во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се повеќе доминира ставот дека ЕУ може да преземе некои чекори, што би служеле на европските интереси и вредности.

Ова е главната премиса на работниот документ во кој увид имал бриселскиот портал „Еурактив“, во кој се оценува дека одлуката на Белата куќа да укине 41 отсто од глобалната американска помош или 14 милијарди долари може да го доведе до прашање „опстанокот на мултилатералниот хуманитарен систем“ и претставува ризик за поткопување на меѓународните здравствени и програми за храна, за одново појавување на групата Исламска држава (ИД) во Сирија или за предизвикување длабоки ефекти врз социо-економската стабилност на Авганистан.

Според документот, ЕУ би можела да донесе одлуки за „пополнување на некои празнини во меѓународното финансирање“ и тоа во области што ги штитат интересите на ЕУ, како миграцијата, безбедноста и стабилноста или пак ги промовираат европските вредности.

Конкретно кога станува збор за бегалците или присилно раселените лица, пред се во Африка, во документот се сугерира да се преиспита моделот на бегалски кампови, за кој се оценува дека станал „премногу зависен од меѓународно финансирање“. Наместо овој модел, според документот, ЕУ и нејзините земји членки треба да соработуваат со УНХЦР и земјите домаќини на раселените лица со цел „да се промовира слободата на движењето, вклучувањето во националните системи и да се најдат урбани одговори на раселувањето“.

Во документот се проценува и дека без одржлива меѓународна поддршка, ќе се доведе во прашање ефикасното управувањето и безбедноста на камповите во кои се сместени притвореници членови на ИД и нивните семејства, што ќе создаде ризик за повторно појавување на групата во Сирија, додека во однос на кратењето на помошта во храна за Судан и Јемен, се проценува дека тоа би можело да резултира со опасност да умрат околу 20 отсто од децата.

Во однос на здравството, се проценува дека кратењето на помошта ќе ги ограничи напорите за сузбивање на мајмунските сипаници и би можело да предизвика раст на заболените од маларија за 15 милиони и дополнителни 700.000 смртни случаи како последица на болеста, пред се меѓу децата и младите жени.

Кратењето на средствата за климатски активности, според документот, создава ризик од пренасочување од чистата технологија и обновливи извори на енергија кон фосилни горива со што ќе се поткопа остварувањето на глобалните климатски цели.

Брисел и претходно презеде некои чекори како одговор на кратењето на помошта на САД, со предвремено префрлање и користење на средства од Буџетот на ЕУ за периодот 2021-2027 година наменети за непредвидени итни случаи.

Но, во сегашни услови ЕУ не може да ги пополни недостатоците од американската поддршка пред се поради ограничените средства на европските и националните агенции за помош и намалувањата на нивните буџети во последните години, поради што се работниот документ се предлага нов пристап што би придонел за зголемување на глобалното влијание на Унијата.

На барање на „Еурактив“ за коментар на документот, од Европската комисијата не дале никаков одговор.

Дипломат од земја членка на ЕУ, кој побарал анонимност, пак, за порталот изјавил дека во ЕУ се изработуваат многу различни документи и дека се разговара за сите нив.

Поврзани содржини

Зошто Европа се затоплува многу побрзо од остатокот од светот?

20 јуни 2026

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026

Птичјиот грип пристигна на сите континенти

20 јуни 2026
НАЈНОВО

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд

20 јуни 2026

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и Гевгелија

20 јуни 2026

Две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

20 јуни 2026

Зошто Европа се затоплува многу побрзо од остатокот од светот?

20 јуни 2026

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување со возило – 11 без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, еден и покрај активна забрана

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.