Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

„Калинка“ – симбол на среќа и добивки до 700.000 денари!

20 април 2026

Пријави за бомби во неколку училишта во Сплит, полицијата ги проверува

20 април 2026

Од Словенија се приближува ново невреме: Бура, град и силни ветрови

20 април 2026

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија води со 44,5%, ПП – ДБ е на второ место со 14 проценти, објави ЦИК

20 април 2026

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Шпанија бара трајно укинување на зимското сметање на времето во ЕУ

Press OnlineBy Press Online20 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шпанската Влада соопшти дека ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го укине поместувањето на часовникот и преминот на зимско сметање на времето, што треба да се случи наредниот викенд, наведувајќи дека тоа е „застарена пракса“, пренесуваат денеска шпанските медиуми.

Како што се наведува, оваа промена веќе не придонесува за заштеда на енергија, а истовремено предизвикува негативни последици врз здравјето, јави телевизијата РТВЕ.

Во видео објава на платформата X, шпанскиот премиер Педро Санчез посочи дека „поместувањето на часовникот двапати годишно повеќе нема смисла“, поради што Шпанија ќе предложи укинување на таа практика.

– Во сите анкети што ги спроведовме, повеќето Шпанци и Европејци се против поместувањето на стрелките на часовникот. Дополнително, науката ни кажува дека тоа веќе не штеди енергија и оти двапати годишно го нарушува биолошкиот ритам, објасни Санчез.

Тој потсети дека пред шест години ЕУ гласала за укинување на поместувањето на часовникот двапати годишно во сите земји членки, и оти тогаш било истакнато дека одлуката е донесена по јавни консултации во кои учествувале 4,6 милиони луѓе, од кои 84 проценти се изјасниле за укинување на таа пракса.

Европскиот парламент во 2019 година исто така ја поддржа оваа одлука, со 63 проценти од гласовите.

Сепак, конечната одлука за тоа прашање не беше донесена поради недостиг на консензус меѓу земјите членки, бидејќи за нејзино усвојување е потребно квалификувано мнозинство во Советот на ЕУ.

Потпретседателката на Европската комисија, Тереса Рибера, за шпанската телевизија изјави дека Европејците ја поддржуваат идејата за единствено сметање на времето и дека „сега е вистинскиот момент тоа да се реализира“.

Санчез наведе дека поради тоа Шпанија ќе поднесе формален предлог на денешниот состанок на Европскиот совет за транспорт, телекомуникации и енергетика, на кој ќе присуствуваат министрите од сите 27 земји членки на ЕУ.

Извори наведуваат дека сега е поволен момент Европскиот парламент да гласа за укинување на оваа пракса во 2026 година, бидејќи актуелниот петгодишен плански циклус на Европската комисија истекува следната година.

Поврзани содржини

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

18 април 2026

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

18 април 2026
НАЈНОВО

„Калинка“ – симбол на среќа и добивки до 700.000 денари!

20 април 2026

Пријави за бомби во неколку училишта во Сплит, полицијата ги проверува

20 април 2026

Од Словенија се приближува ново невреме: Бура, град и силни ветрови

20 април 2026

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија води со 44,5%, ПП – ДБ е на второ место со 14 проценти, објави ЦИК

20 април 2026

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.