Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Град во неколку места во Хрватска, и Бихаќ во БиХ на удар

20 април 2026

Возач од Крива Паланка возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

20 април 2026

Најџел Фараж му врти грб на Трамп, сега го фали Обама

20 април 2026

Фон дер Лајен му честиташе на Радев, најави соработка за просперитетот на Бугарија и Европа

20 април 2026

Ректорот на Универзитетот во Белград на средба со Марта Кос во Брисел

20 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Путин нареди зголемување на редовната руска армија на 1,5 милиони, во активна резерва се дополнителни 2 милиони

Press OnlineBy Press Online23 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Рускиот претседател Владимир Путин нареди зголемување на бројот на редовната руска армија на 1,5 милиони, што ќе ја направи армијата на Руската Федерација втора по големина во светот.

Оваа одлука, како што јавуваат британските медиуми, доаѓа по сè почестите напади на украински беспилотни летала врз клучните рафинерии и гасоводи длабоко на руска територија.

Високо рангирани руски воени претставници изјавија дека ќе се обидат да користат резервисти за одбрана на цивилната инфраструктура, како што се рафинериите за нафта.

Рускиот претседател, по состанокот со највисоките воени претставници на земјата, исто така, наредил да се зголеми бројот на редовната армија на 1,5 милиони активни војници, што ја прави Русија втора по големина армија во светот, по Кина.

Путин изјави дека во Украина се борат најмалку 700.000 лица, додека руските парламентарци наведуваат дека во активна резерва се наоѓаат уште околу два милиона. Станува збор за Руси кои потпишале договор за резерва, но обично не служат активно. Исто така, се верува дека таа ги потпишала тие договори со советите само поради паричниот надомест што го добиле.

Рускиот вицеадмирал Владимир Цимљански, заменик-началник на главниот организациски и мобилизациски оддел на Генералштабот на Руската армија, изјави дека употребата на беспилотни летала со долг дострел од страна на Украина ја зголемила заканата за критичната национална инфраструктура и станбените области.

„Со цел да се зголеми безбедноста на критичните објекти и другите објекти важни за благосостојбата на граѓаните, беше одлучено да се вклучат најобучените и најпатриотски настроени граѓани во спроведувањето на мерките за заштита на цивилните објекти длабоко во Русија“, рече тој.

Доколку Русија распореди повеќе резервисти во заднинскот дел за да ја брани инфраструктурата, Москва потенцијално би можела да ослободи повеќе од своите редовни војници за бојното поле во она што прерасна во смртоносна војна на исцрпување, соопштија британските меидуми.

Цимљански рече дека предложените измени не претставуваат некаков вид мобилизација, додека на руските канали на Телеграм одлуката се толкува токму така – како огромна мобилизација.

Руското Министерство за одбрана, исто така, експлицитно изјави дека резервистите нема да бидат вклучени во тоа што Кремљ го нарекува своја „специјална воена операција“ во Украина, ниту пак ќе бидат користени надвор од границите на Русија.

Министерството за одбрана соопшти дека овие резервисти ќе служат во својот регион, иако, судејќи според пораките на Телеграм, малкумина веруваат во тоа.

Поврзани содржини

Најџел Фараж му врти грб на Трамп, сега го фали Обама

20 април 2026

Нови бизарности од Москва: Британија го создаде нацизмот, тврди Сергеј Шојгу

20 април 2026

САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец

20 април 2026
НАЈНОВО

Град во неколку места во Хрватска, и Бихаќ во БиХ на удар

20 април 2026

Возач од Крива Паланка возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

20 април 2026

Најџел Фараж му врти грб на Трамп, сега го фали Обама

20 април 2026

Фон дер Лајен му честиташе на Радев, најави соработка за просперитетот на Бугарија и Европа

20 април 2026

Ректорот на Универзитетот во Белград на средба со Марта Кос во Брисел

20 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.