Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

20 април 2026

САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец

20 април 2026

Никој немал толкава власт во Бугарија каква што ќе има Румен Радев

20 април 2026

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

20 април 2026

Како Дивиот Запад: Италија ќе им плаќа бонуси на адвокатите кои ги убедуваат мигрантите да се вратат дома

20 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Рубио: Израелските планови за анексија на Западниот Брег го загрозуваат примирјето во Газа

Press OnlineBy Press Online23 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, предупреди дека одобрувањето на закон за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег од страна на израелскиот Парламент-Кнесетот, потег што е еднаков на анексија на територии што Палестинците ги сакаат за своја држава, би можело да го „загрози“ прекинот на огнот во Појасот Газа.

-Мислам дека претседателот (Доналд Трамп) јасно кажа дека ова е нешто што не можеме да го поддржиме во овој момент, изјави Рубио пред новинарите пред неговото патување во Израел, каде што се очекува да пристигне денеска, додавајќи дека тоа би го „загрозило“ примирјето и би било „контрапродуктивно“.

Израелскиот Кнесет вчера гласаше за разгледување на два закона насочени кон проширување на израелскиот суверенитет на окупираниот Западен Брег за време на посетата на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс на земјата.

Американскиот претседател Трамп, сојузник на Израел во неговата војна против исламистичкото движење Хамас, се спротивставува на каква било израелска анексија на Западниот Брег, што е поддржано од израелската крајна десница.

Израелските парламентарци гласаа за два законски предлози во прелиминарното читање, што овозможи нивно разгледување во прво читање.

Во август, Израел одобри клучен проект за изградба на 3.400 станбени единици на Западниот Брег, што беше осудено од Обединетите нации и неколку шефови на држави.

„Ова е демократија, тие ќе гласаат“, рече Рубио.

„Но, во овој момент, тоа е нешто што сметаме дека би било контрапродуктивно“, додаде тој.

Запрашан за зголемувањето на екстремистичкото насилство на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег, Рубио одговори: „Загрижени сме за сè што се заканува да ги дестабилизира плодовите на нашите напори“.

Рубио патува во Израел веднаш по потпретседателот Венс, кој изрази оптимизам за одржување на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Договорот, кој стапи на сила на 10 октомври и се базира на мировниот план на Трамп, беше загрозен во неделата по смртоносното насилство во Газа и меѓусебните обвинувања од страна на Израел и Хамас за негово кршење.

„Ќе има закани секој ден, но всушност мислам дека сме побрзи од планираното кога станува збор за имплементација, а фактот дека го преживеавме овој викенд е добар знак“, рече Венс.

Поврзани содржини

САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец

20 април 2026

Како Дивиот Запад: Италија ќе им плаќа бонуси на адвокатите кои ги убедуваат мигрантите да се вратат дома

20 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026
НАЈНОВО

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

20 април 2026

САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец

20 април 2026

Никој немал толкава власт во Бугарија каква што ќе има Румен Радев

20 април 2026

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

20 април 2026

Како Дивиот Запад: Италија ќе им плаќа бонуси на адвокатите кои ги убедуваат мигрантите да се вратат дома

20 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.