Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Page not found – Либертас

20 април 2026

Нови бизарности од Москва: Британија го создаде нацизмот, тврди Сергеј Шојгу

20 април 2026

Грција има доволни резерви на гориво за два месеци

20 април 2026

Нема да има повторно судење за „27 април“, Апелација го одби барањето на осудените

20 април 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

20 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

Press OnlineBy Press Online25 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американската војска веќе два месеца испраќа воени бродови, борбени авиони, бомбардери, маринци, беспилотни летала и шпионски авиони во Карипското Море, што е најголемото распоредување на сили во регионот во последните децении. Бомбардерите со долг дострел Б-52 извршија демонстративни напади покрај брегот на Венецуела, претседателот Трамп го одобри распоредувањето на ЦИА, а кон Карибите е испратен и носачот на авиони и најголемиот воен брод во светот „УСС Џералд Форд“, наведува Би-Би-Си во освртот за случувањата во регионот.

САД тврдат дека распоредувањето на воените сили е за да се спречат венецуелски бродови и „наркотерористите“ кои превезуваат наркотици. Доналд Трамп вели дека ова е војна против трговците со дрога, наведувајќи дека еден од нападнатите бродови бил натоварен со фентанил. Но, фентанилот првенствено се произведува во Мексико, а не во Јужна Америка.

Нападите врз малите венецуелски  бродови предизвикаа осуда во регионот, а експертите ја доведоа во прашање нивната легалност. Иако Вашингтон ја претставува операцијата како војна против трговијата со дрога, сите индиции се дека станува збор за кампања на заплашување насочена кон соборување од власт на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

– Ова е заради промена на режимот. Веројатно нема да нападнат, сите се надеваат дека станува збор само за заплашување, вели Кристофер Сабатини, виш соработник за Латинска Америка во тинк-тенкот Чатам Хаус.

Тој верува дека военото засилување е демонстрација на сила со намера да „внесе страв“ во венецуелската војска и кај внатрешниот круг на Мадуро за да се свртат против него.

Иако Министерството за правда на САД го обвини Мадуро за водење на наркотерористичка организација од 2020 година, што тој го негира, извештајот на ДЕА од 2025 година покажа дека 84 проценти од запленетиот кокаин во САД доаѓа од Колумбија, без да се спомене Венецуела. Исто така, Карибите не се главна поморска рута за шверц на дрога во споредба со Пацификот.

Би-Би-Си наведува дека, според јавно достапните податоци, добиени од сателитски снимки и објави на социјалните медиуми, од 23 октомври, идентификувани се 10 американски воени бродови во регионот.

Воените аналитичари сметаат дека за спречување на дрога не е потребна толку голема воена сила. Покрај воени бродови, заблежани се и напредни борбени авиони F-35, беспилотни летала MQ-9 Reaper, бомбардери B-52 и B-1, шпионски авиони P-8 Poseidon, како и хеликоптери, објавуава Би-Би-Си.

Поврзани содржини

Нови бизарности од Москва: Британија го создаде нацизмот, тврди Сергеј Шојгу

20 април 2026

САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец

20 април 2026

Како Дивиот Запад: Италија ќе им плаќа бонуси на адвокатите кои ги убедуваат мигрантите да се вратат дома

20 април 2026
НАЈНОВО

Page not found – Либертас

20 април 2026

Нови бизарности од Москва: Британија го создаде нацизмот, тврди Сергеј Шојгу

20 април 2026

Грција има доволни резерви на гориво за два месеци

20 април 2026

Нема да има повторно судење за „27 април“, Апелација го одби барањето на осудените

20 април 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

20 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.