Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Page not found – Либертас

20 април 2026

Нови бизарности од Москва: Британија го создаде нацизмот, тврди Сергеј Шојгу

20 април 2026

Грција има доволни резерви на гориво за два месеци

20 април 2026

Нема да има повторно судење за „27 април“, Апелација го одби барањето на осудените

20 април 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

20 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Трамп: Би се сретнал со Ким Џонг Ун ако сака, можеби би ја продолжил турнејата

Press OnlineBy Press Online27 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека би сакал да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ако тој сака и не ја исклучи можноста за продолжување на неговата тековна турнеја низ Азија.

-Не сум закажал ништо, но би сакал да се сретнам со него, ако тој сака да се сретне. Се сложував одлично со Ким Џонг Ун, ми се допаѓаше – ако сака да се сретне, ќе бидам во Јужна Кореја“, изјави Трамп пред новинарите во „Ер Форс Уан“ на пат кон Токио од Куала Лумпур, објави Си-Ен-Ен.

Трамп ќе ја посети Јужна Кореја подоцна оваа недела, каде што ќе се придружи на Самитот на извршни директори на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

На прашањето дали би размислил за продолжување на патувањето за да се овозможи евентуална средба со Ким, Трамп посочи дека е отворен за тоа.

„Не сум размислувал за тоа, но мислам дека одговорот би бил да, би го направил тоа, секако. Тоа е нашата последна станица, па затоа е прилично лесно да се направи“, рече тој.

Трамп се сретна со Ким три пати – во Сингапур, Виетнам и во меѓукорејското село Панмунџом, каде што беше постигнато примирје – помеѓу 2018 и 2019 година, за време на неговиот прв мандат како претседател на САД.

Тој постојано повторуваше дека има добри односи со Ким и неколку пати сигнализираше дека сака да ја продолжи дипломатијата со Северна Кореја, иако нивните нуклеарни разговори на крајот пропаднаа.

Трамп неодамна неколкупати ја изрази својата желба повторно да се сретне со Ким, велејќи дека е „отворен“ за разговори со него и опишувајќи ја Северна Кореја како „некаков вид нуклеарна сила“ на почетокот на неговото тековно насочување кон Азија.

Севернокорејскиот министер за надворешни работи, Чое Сон Хуи, го напушти Пјонгјанг во неделата за да ги посети Белорусија и Русија, фрлајќи сомнеж врз изгледите за средба меѓу Ким и Трамп.

Во разговор со странски дописници во Сеул денеска, третиот заменик-советник за национална безбедност на Јужна Кореја, О Хјун-џо, рече дека средбата меѓу Трамп и Ким за време на состаноците на АПЕК оваа недела е „мала веројатност“.

Поврзани содржини

Нови бизарности од Москва: Британија го создаде нацизмот, тврди Сергеј Шојгу

20 април 2026

САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец

20 април 2026

Како Дивиот Запад: Италија ќе им плаќа бонуси на адвокатите кои ги убедуваат мигрантите да се вратат дома

20 април 2026
НАЈНОВО

Page not found – Либертас

20 април 2026

Нови бизарности од Москва: Британија го создаде нацизмот, тврди Сергеј Шојгу

20 април 2026

Грција има доволни резерви на гориво за два месеци

20 април 2026

Нема да има повторно судење за „27 април“, Апелација го одби барањето на осудените

20 април 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

20 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.