Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Page not found – Либертас

20 април 2026

Нови бизарности од Москва: Британија го создаде нацизмот, тврди Сергеј Шојгу

20 април 2026

Грција има доволни резерви на гориво за два месеци

20 април 2026

Нема да има повторно судење за „27 април“, Апелација го одби барањето на осудените

20 април 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

20 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Трамп за победата на Милеј: Народот на Аргентина ја оправда нашата доверба во него

Press OnlineBy Press Online27 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му честиташе на аргентинскиот претседател Хавиер Милеј на убедливата победа на среднорочните парламентарни избори одржани вчера, на кои неговата партија освои нешто повеќе од 40 проценти од националните гласови.

„Честитки до претседателот Хавиер Милеј за убедливата победа во Аргентина. Тој одлично ја врши работата! Аргентинскиот народ ја оправда нашата доверба во него“, напиша Трамп утрово на мрежата Truth Social.

Милеј синоќа ја објави победата на својата партија на парламентарните избори и нагласи дека, како што изјави, оваа голема победа означува пресвртница, ветувајќи дека ќе продолжи со реформите што неговата влада ги смета за неопходни.

Неговата нова партија, La Libertad Avanza, освои повеќе од 40 проценти од гласовите на вчерашните избори, во споредба со 31 процент за левичарската опозициска перонистичка коалиција.

По објавувањето на резултатите, Милеј изјави дека гласачите покажале желба неповратно да го променат патот на напредокот за втората по големина економија во Јужна Америка, пренесуваат британските меидуми.

Во седиштето на неговата партија, Милеј го поздрави изборниот триумф како „зелено светло“ за продолжување на намалувањето на трошоците и воведување амбициозни даночни и работнички реформи.

Резултатите, исто така, автоматски го позиционираат како кандидат за реизбор во 2027 година.

„Аргентинскиот народ одлучи да остави зад себе 100 години декаденција. Денеска започнуваме со изградбата на голема Аргентина“, им рече Милеј на своите поддржувачи.

Британските медиуми пренесуваат дека победата на Милеј е израз на јавната доверба што ја зајакнува неговата способност да спроведе радикален експеримент за слободен пазар поддржан од неколку десетици милијарди долари од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Аргентинските гласачи избраа 257 пратеници во Долниот дом на парламентот, како и 24 членови на Сенатот, кој има вкупно 72 пратеници.

Изборите се одржаа во атмосфера на политичка и економска криза, како и обвинувања дека сојузникот на радикалниот лидер Хавиер Милеј, американскиот претседател Доналд Трамп, се меша во внатрешните работи на земјата, објави претходно „Гардијан“.

Поврзани содржини

Нови бизарности од Москва: Британија го создаде нацизмот, тврди Сергеј Шојгу

20 април 2026

САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец

20 април 2026

Како Дивиот Запад: Италија ќе им плаќа бонуси на адвокатите кои ги убедуваат мигрантите да се вратат дома

20 април 2026
НАЈНОВО

Page not found – Либертас

20 април 2026

Нови бизарности од Москва: Британија го создаде нацизмот, тврди Сергеј Шојгу

20 април 2026

Грција има доволни резерви на гориво за два месеци

20 април 2026

Нема да има повторно судење за „27 април“, Апелација го одби барањето на осудените

20 април 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

20 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.