Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Алиу за 360 : Не комуницирам со Арбен Фетаи, не доаѓа на владини седници!

20 април 2026

Фон дер Лајен ја предупреди Унгарија: Истекува времето за средствата од ЕУ

20 април 2026

Џип удри во жена на пешачки премин во Скопје

20 април 2026

Маск не се појави на сослушувањето во парискиот суд: „Тоа не ја попречува истрагата“

20 април 2026

Охрид СОС алармира: Сеча во зона на строга заштита кај изворите на Црн Дрим

20 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

Press OnlineBy Press Online31 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вчера рускиот нафтен гигант „Лукоил“ објави дека ја прифатил понудата од Гунвор Груп ДОО за купување на Лукоил Интернешнл ГмбХ – 100% подружница на ПЈД „Лукоил“ која ги поседува меѓународните средства на Групацијата Лукоил.

Во штуриот одговор на прашањето на ЦИВИЛ дали во оваа трансакција ќе биде опфатена и подружницата во Северна Македоника,  од Лукоил Македонија (по претходно не одговорени неколку прашања, од кое првото поставено уште на 25 септември, и неколку пати повторено и дополнето во меѓувеме) не информираа дека ЛУКОИЛ Македонија е во 100% сопственост на LUKOIL International GmbH, испраќајќи го во прилог на ивниот допис соопштението на ЈАД ЛУКОИЛ, кое редакцијата секако го имаше претходно.

Продажбата на Лукоил Интернешнл ГмбХ доаѓа по неодамнешните американски санкции, објавени по пропаѓањето на подготовките за самитот на високо ниво помеѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин во Будимпешта, кои се насочени кон двете најголеми руски нафтени компании – Роснефт и Лукоил – заедно со десетици нивни подружници, ефикасно замрзнувајќи ги сите средства на тие компании со седиште во САД.

Но како токму Гунвор груп се јави како понудувач/купувач на сретствата на Лукоил во странство. Купувачот Гунвор Груп ДОО е мултинационална компанија за трговија со енергетски производи регистрирана на Кипар, со главна трговска канцеларија во Женева, Швајцарија. Gunvor има и трговски канцеларии во Сингапур, Хјустон, Стемфорд, Лондон, Калгари и Дубаи, со мрежа на претставништва низ целиот свет. Компанијата е основана во 2000 година и веднаш се здобива со популарност како најголем трговец со руска нафта во светот. Како основачи се јавуваат шведскиот милијардер Торбјорн Торнквист, кој е и извршен директор и рускиот олигарх и милијардер Генадиј Николаевич Тимченко, познат по своите блиски врски со Владимир Путин и неговите инвестиции во енергетскиот сектор.

Дали токму тој е линкот за продажбата на Лукоил Интернешнл ГмбХ на Гунвор груп.

Тимчено е основач и сопственик на приватната инвестициска фирма Volga Group и има удели во разни руски бизниси од енергетскиот сектор, вклучувајќи ја гасната компанија Новатек и производителот на петрохемиски производи Sibur Holding.

Тимченко раководел со државна компанија за извоз на нафта и станал еден од нејзините најголеми акционери кога подоцна била приватизирана. Тој е еден од најмоќните луѓе во Русија, според Форбс, неговото богатството се проценува на 23,2 милијарди долари.

Toj e и акционер во Банка Русија, која беше санкционирана поради помагање во дестабилизацијата на Украина и консолидацијата на Крим во Русија и се смета за лична банка на високи функционери на Руската Федерација. Банката

Тој се спријателил со Путин во 1990-тите во Санкт Петербург, кога заедно со браќата Ротенберг, дел од внатешниот круг на Путин, основале џудо клуб наречен Јавара-Нева.

Внатрешниот круг на Путин. Извор: CNN

Тимченко бил санкциониран од САД во 2014 година и од ЕУ и Велика Британија во 2022 година, и моментално нема удел во групацијата Гунвор, откако ги продал своите акции на коосновачот Торбјорн Тернквист во март 2014 година, во очекување на санкциите од САД, кои биле воведени следниот ден.

Тимченко по санкционирањето беше принуден да го приземји својот приватен авион во Москва откако „Галфстрим“ одби да го опслужи авионот.

Според истражувањето на ОЦЦРП, постојат гласини дека Тимченко е финансиски поврзан со Путин. Според Министерството за финансии на САД, кое го санкционираше поради овие врски во 2014 година, „активностите на Тимченко во енергетскиот сектор се директно поврзани со Путин. Путин има инвестиции во Гунвор и може да има пристап до средствата на Гунвор“. Се разбира, „Гунвор“ го негираше ова, велејќи дека „претседателот Путин нема и никогаш немал никаква сопственост, бенефицијална или друга врска во „Гунвор“.“

Како што објави Follow the money пораншниот ко-сопственик и основач на „Гунвор“, Тимченко, од страна на американските дипломати е нарекуван „паричникот на Путин“, според протечените дипломатски „телеграми“ објавени од Викиликс во 2010 година.

Како знак на блискоста на Тимченко со Путин, рускиот претседател му подарил кученце од неговото сакано куче Кони, пренесува Си-ен-ен според извештаите на руските медиуми.

Драган Мишев во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ – CIVIL Hybrid Threats Monitoring Team)

Преземено:  Цивил Медиа

Поврзани содржини

Фон дер Лајен ја предупреди Унгарија: Истекува времето за средствата од ЕУ

20 април 2026

Маск не се појави на сослушувањето во парискиот суд: „Тоа не ја попречува истрагата“

20 април 2026

Силен земјотрес од 7,5 степени во близина на Јапонија предизвика предупредувања за цунами

20 април 2026
НАЈНОВО

Алиу за 360 : Не комуницирам со Арбен Фетаи, не доаѓа на владини седници!

20 април 2026

Фон дер Лајен ја предупреди Унгарија: Истекува времето за средствата од ЕУ

20 април 2026

Џип удри во жена на пешачки премин во Скопје

20 април 2026

Маск не се појави на сослушувањето во парискиот суд: „Тоа не ја попречува истрагата“

20 април 2026

Охрид СОС алармира: Сеча во зона на строга заштита кај изворите на Црн Дрим

20 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.