Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба

Најстудено утрово во Крушево, најмонгу дожд наврна во Охрид

Променливо облачно со повремен слаб дожд

Американската армија до своите војници во Германија: Јадете таму каде што делат храна на сиромашни

ЕК планира центар за справување со заканата од дезинформации од Русија и други земји

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“ на 8 ноември во Јавна соба

Press OnlinePress Onlineноември 5, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“: Албум снимен на три континенти што нуди музичко патување без граници. Тони Китановски, Баба Сисоко и диџеј Гоце САФ  сабота, 8 ноември, PUBLIC ROOM (во рамки на Skopje Design Week)

Во сабота, на 8 ноември, во Јавна соба, како дел од програмата на Skopje Design Week, македонската публика ќе има ретка можност да ја доживее концертната промоција на албумот „Afro Gitano“ ,заеднички проект на Тони Китановски, легендарниот Баба Сисоко од Мали и диџеј Гоце САФ.

Овој необичен спој на африкански ритми, балканска душа и урбан електронски грув претставува автентично музичко патување што ги руши границите меѓу жанровите и континентите. Китановски вели дека „Afro Gitano е музика што се движи како реката, како луѓето, како слободата“.

Албумот, снимен во време на пандемијата на три континенти и во шест земји, ја носи енергијата на спонтаноста и заедништвото. „Едноставно ќе пролета идеја што ни се чини добра, и тројцата се нафрламе на неа како мала глутница“, раскажува Китановски, откривајќи ја суштината на нивната уметничка хемија.

Африка, Балканот и урбаната сцена во едно

За Баба Сисоко, кого Китановски го опишува како „музичар од највисок ранг и гриот кој со музиката придонесува за мирот на земјата“, оваа соработка претставува спој на духовноста на западноафриканската традиција и џез-импровизацијата. 

Во проектот се вклучува и диџеј Гоце САФ, кој со својата хип-хоп енергија внесува современа урбана димензија: „Џезот и хип-хопот се од иста мајка,“ вели Китановски, додавајќи дека триото создава „компактна единица во која секој ја задржува својата музичка суштина, а заедно пловиме беспрекорно.“

Музика што ја почитува традицијата и ја прегрнува слободата

Во „Afro Gitano“, Китановски ја продолжува својата долгогодишна мисија – да создава музика што е истовремено прастара и современа, длабоко вкоренета и бескрајно слободна. „Музиката е секогаш онолку добра колку што е блиска до коренот,“ вели тој, нагласувајќи дека искреноста кон себеси е единствениот пат до автентичност.

Албумот го издава лондонска издавачка куќа, а како што посочува Китановски, „само оригиналноста може да ја отвори портата кон светот.“

Настан што обединува музика, уметност и дизајн

Настапот е дел од Skopje Design Week – платформа што ги поврзува различните уметнички дисциплини. „Музиката е дизајн од невидливи треперења во воздухот и со тоа природно се вклопува во настанот,“ додава Китановски.

Публиката може да очекува концерт исполнет со ритам, импровизација и слобода. „Сакам да си поминат убаво, да се изнаиграат без да им биде гајле за другите околу нив, и секој да си пее различна песна од нашиот репертоар на пат за дома – само тогаш ќе знам дека албумот е навистина добар,“ вели Китановски.

Поврзани објави

АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба

ноември 9, 2025

Најстудено утрово во Крушево, најмонгу дожд наврна во Охрид

ноември 9, 2025

Променливо облачно со повремен слаб дожд

ноември 9, 2025
НАЈНОВО

АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба

Најстудено утрово во Крушево, најмонгу дожд наврна во Охрид

Променливо облачно со повремен слаб дожд

Американската армија до своите војници во Германија: Јадете таму каде што делат храна на сиромашни

ЕК планира центар за справување со заканата од дезинформации од Русија и други земји

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.