Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Неуспехот не може да се рекалибрира, ДУИ/НАИ се затворено поглавје!

Реформите на Филипче се само празна реторика, потребно е партијата да го искорени заевизмот

АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба

Најстудено утрово во Крушево, најмонгу дожд наврна во Охрид

Променливо облачно со повремен слаб дожд

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

САД ја поддржуваат нормализацијата со Сирија, Трамп ќе се сретне со Ал Шара

Press OnlinePress Onlineноември 5, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

САД поднесоа предлог-резолуција до Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара укинување на санкциите против сирискиот претседател Ахмед ал Шара и министерот за внатрешни работи Анас Хатаб,.

Иницијативата доаѓа во пресрет на планираната посета на Ал Шара на Белата куќа, каде што треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. Аналитичарите оценуваат дека овој состанок би можел да означи почеток на целосна нормализација на односите меѓу Вашингтон и Дамаск, по повеќе од една деценија политичка изолација на Сирија.

Предлог-резолуцијата сè уште не е закажана за гласање, а за нејзино усвојување потребни се најмалку девет гласа „за“, без вето од постојаните членки – Русија, Кина, САД, Франција и Обединетото Кралство.

Според извори блиски до американската администрација, се очекува сирискиот претседател да отпатува во САД дури и ако резолуцијата не биде усвоена до 10 ноември.

За време на посетата, Ал Шара би требало да потпише документи за пристапување на Сирија кон меѓународната коалиција предводена од САД во борбата против терористичката организација Исламска држава.

Трамп претходно изјави дека укинувањето на санкциите е дел од поширок процес на „стабилност и безбедност на Блискиот Исток“, нагласувајќи дека „е време за нов почеток во односите со Дамаск“.

Поврзани објави

Неуспехот не може да се рекалибрира, ДУИ/НАИ се затворено поглавје!

ноември 9, 2025

Реформите на Филипче се само празна реторика, потребно е партијата да го искорени заевизмот

ноември 9, 2025

АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба

ноември 9, 2025
НАЈНОВО

Неуспехот не може да се рекалибрира, ДУИ/НАИ се затворено поглавје!

Реформите на Филипче се само празна реторика, потребно е партијата да го искорени заевизмот

АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба

Најстудено утрово во Крушево, најмонгу дожд наврна во Охрид

Променливо облачно со повремен слаб дожд

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.