Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СЗО бара прогласување глобална вонредна состојба

16 мај 2026

Иран тврди дека европски земји преговараат за добивање дозвола за минување низ Ормуска Теснина

16 мај 2026

Две девојки прегазени на „Радишанска“, возачот побегнал

16 мај 2026

Тешко е да се опише колку е корумпиран Трамп. Најголемата истрага досега објавена

16 мај 2026

(Видео) Објавена снимка од излетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ во Сплит

16 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 16
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Јагелонија во последната секунда и украде победа на Шкендија

Press OnlineBy Press Online7 ноември 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шкендија може да жали затоа што имаше победа во џеб над Јагелонија, и беше блиску да дојде до вториот триумфи и до шест бодови во групната фаза во Лигата на Конференции.

Тетовскиот тим требаше да го издржи само последниот напад на гостите, и да слави победа. Но… Длабоко во продолжението, полската екипа успеа со погодок да дојде до бод. Двата тима одиграа тврд меч, без многу шанси, практично од двете најдобри реализираа и поделија по бод.

Крајно претпазлива игра во првиот дел и на двете екипи. Како повеќе да внимаваа на својот, отколку што мислеа на противничкиот гол. Фабрис Тамба ја имаше најдобрата шанса за гол. Беше проигран од Зејнулаи, излезе во добра позиција од десно, ама неговиот шут оди само крај голот. На другата страна Јагелонија само со еден удар од прекин, Вдовик упати прецизен шут, право во рацете на Гаје.

На стартот од вториот дел, Шкендија успеа да поведе. Се играше 49. минута од средбата кога Вебстер нафрли од корнер, на првиот дирек Љатифи со глава го совлада Пиекутовски.

И кога се очекуваше натпреварот да се „разгори“, Јагелонија да нападне, сепак, тоа не се случи. Шкендија и тоа како да го посакуваше, па малку и се повлече, но не видовме ништо од противникот, ниту желба, ниту игра по која може да се врати.

Шкендија, пак, трпеливо чекаше нова грешка, нов прекин за да го запечати победникот на овој натпреар. Јетон Беќири на теренот го испрати и Бесарт Ибраими, со надеж дека ќе може да се закани, и успеа во тоа, ама неговиот удар во 79. минута го брани голманот Пиекутовски.

Во судиското надополнување неколку напади на гостите за да дојдат барем до бод, одбраната на Шкендија сето тоа го расчистуваше. Кога се беше подготвено за крај, акција на Јагелонија по левата страна, мешаница во која најдобро се снајде Серхио Лозано, кој со силен удар го совлада Гаје и среќно донесе бод за полскиот прволигаш. 

Поврзани содржини

Иран тврди дека европски земји преговараат за добивање дозвола за минување низ Ормуска Теснина

16 мај 2026

Две девојки прегазени на „Радишанска“, возачот побегнал

16 мај 2026

(Видео) Објавена снимка од излетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ во Сплит

16 мај 2026
НАЈНОВО

СЗО бара прогласување глобална вонредна состојба

16 мај 2026

Иран тврди дека европски земји преговараат за добивање дозвола за минување низ Ормуска Теснина

16 мај 2026

Две девојки прегазени на „Радишанска“, возачот побегнал

16 мај 2026

Тешко е да се опише колку е корумпиран Трамп. Најголемата истрага досега објавена

16 мај 2026

(Видео) Објавена снимка од излетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ во Сплит

16 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.