Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе

11 јули 2026

Заложничка драма во Берлин – Независен Весник

11 јули 2026

Невреме ја парализираше Словенија: Бегаа од градот и предизвикаа хаос (видео)

11 јули 2026

Драма во Полска: Рудар заробен под земја по земјотрес, спасувачите се на терен

11 јули 2026

Ќе се затворат уште 5-6 институти – се чешлаат пет универзитети

11 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

МФ: Поддршка за домашната економија и фер конкурентност на пазарот, Собранието ги изгласа измените на Законот за ДДВ

Press OnlineBy Press Online19 ноември 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра, велат од министерството за финансии.

„Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.

Спроведувањето на измените се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании. Со укинувањето на ослободувањето, околу 4 милиони денари месечно, колку што изнесува прометот кон странските онлајн платформи во одредени периоди, ќе се пренасочат кон домашното стопанство.

Овие средства ќе помогнат во растот на локалните компании, креирањето нови работни места и подобрувањето на условите и платите на вработените.

Оваа измена претставува значаен чекор во заштитата и развојот на домашната економија, особено во услови на интензивна глобализација и раст на дигиталната трговија.

Дополнително, новиот модел ќе придонесе за намалување на сивата економија. Досегашниот систем дозволуваше можни злоупотреби – увоз на стоки ослободени од ДДВ кои понатаму се продаваа на домашниот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа пракса и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина.

Трошокот за пресметката и плаќањето на ДДВ нема да падне на товар на граѓаните, што значи дека нема да има промена на цените за крајните потрошувачи, а мерката ќе обезбеди фер конкурентност помеѓу домашните и странските онлајн продавници.

Со усвојувањето на измените, државата испраќа јасна порака за поддршка на компаниите што создаваат додадена вредност, инвестираат во развој и отвораат нови работни места во земјата“, се вели во соопштението на министерството за финансии.

Поврзани содржини

Ќе се затворат уште 5-6 институти – се чешлаат пет универзитети

11 јули 2026

Се реновира охридската гимназија – Независен Весник

11 јули 2026

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

11 јули 2026
НАЈНОВО

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе

11 јули 2026

Заложничка драма во Берлин – Независен Весник

11 јули 2026

Невреме ја парализираше Словенија: Бегаа од градот и предизвикаа хаос (видео)

11 јули 2026

Драма во Полска: Рудар заробен под земја по земјотрес, спасувачите се на терен

11 јули 2026

Ќе се затворат уште 5-6 институти – се чешлаат пет универзитети

11 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.