Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

Четири лица спасени од Водно поради лоши временски услови и прекин на струјата на жичарата

Press OnlinePress Onlineноември 19, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, се спасени од планината Водно, откако останаа заглавени поради лошите временски услови и прекинот на електричната енергија на жичарата.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), првичната пријава била примена околу 16 часот, а се однесувала на лица заглавени во гондола. Иако струјата подоцна била вратена и лицата успеале да стигнат до врвот на Водно, тие не можеле да се спуштат поради неповолните временски услови и повторниот прекин на електричната енергија.

„Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција (ЕИП) и Единицата за брзо распоредување (ЕБР) презедоа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници, се спуштија кон Скопје“, стои во соопштението од МВР.

Во акцијата учествувале полициски службеници од ЕИП, ЕБР и одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.

Поврзани објави

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

декември 5, 2025

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

декември 5, 2025

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

декември 5, 2025
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.