Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

Амандманска расправа за предлог-буџетот, опозицијата бара повеќе пари за локални проекти

Press OnlinePress Onlineноември 21, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Од крајот на минатата недела се кршат копјата во Собранието за над 200 амандмани поднесени од пратениците најмногу од опозицијата, на Предлог-буџетот за 2026 година. Денешната расправа започна со повеќе амандмани од пратениците од албанската опозиција. Бараа повеќе пари за јавни комунални претпријатија, канализации, речни корита, пари за локални инфраструктурни проблеми на граѓаните, кои не беа прифатени.

„Што ние како пратеници допринесуваме со тие средби со граѓаните? Правиме средби, како можеме да им излеземе на пресрет на тие граѓани. Еве дали некој од вас пратеници, вклучувајќи и самиот себеси сме поставиле прашање дали некогаш сме исполниле некое барање на граѓаните“, изјави Снопче.

„Амандманот кој што почитуваниот пратеник го побара не се прифаќа“, рече Јанкуловски.

„Еден од приоритетите на оваа Влада со програмата 2024-2028 година е поддршката на општините и секако рамномерниот регионален развој. Од самиот почеток широко со поддршка на парламентот, пратениците на сите вас се даде поддршка на таа програма, поготово во делот на финансирањето на општините“, изјави Јанкуловски.

Најголемиот дел од амандманите од опозициските партии до сега не беа прифатени од пратениците од власта. Станува збор за амандмани со кои се бараа повеќе пари за локални инфраструктурни проекти, до раст на плати во министерства, како и повеќе пари за институции и мали и средни компании. Деновиве, делумно беше прифатен амандманот за повеќе пари за Оперативно техничката агенција ОТА.

Пленарната седница, пак на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

Поврзани објави

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

декември 5, 2025

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

декември 5, 2025

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

декември 5, 2025
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.