Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

Сиљановска-Давкова се сретна со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на Глобалниот совет за толеранција и мир

Press OnlinePress Onlineноември 21, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на „Глобалниот совет за толеранција и мир“, во придружба на неговите соработници.

Информирајќи дека семејството на пријателите на „Глобалниот совет“ постојано се проширува, Ал Џарван потенцираше дека стотина парламенти, ширум светот, потпишале меморандуми за соработка со оваа препознатлива и почитувана институција.

Тој, во парламентарната демократија и во меѓукултурниот дијалог препознава мировни механизми за промоција и гаранција на мирот и толеранцијата на сите нивоа и во сите средини.

Претседателката ја поздрави хуманата мисија на Глобалниот совет, истакнувајќи дека е добредојдена и делотворна во амбиент на сериозни безбедносни закани.

За неа, Меморандумот за соработка, којшто деновиве го потпиша Глобалниот совет со македонското собрание е чекор напред во одбраната и поттикнувањето на хуманите цели на човештвото, без оглед на разликите по било кој основ.

Таа особено се радува на потпишаниот договор за стипендии на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“, нејзината матична институција, како охрабрувачки за најдобрите студенти, но и оние со лоша материјална положба и неопходна потреба од финансиска помош.

За соговорниците, мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија, развој и просперитет во национални, регионални и меѓународни рамки.

Поврзани објави

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

декември 5, 2025

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

декември 5, 2025

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

декември 5, 2025
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.