Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Регион

По скандалот во Македонија, Аца Лукас во нов проблем – повеќе не смее да пее во Република Српска?

Press OnlinePress Onlineноември 30, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

81

Откако воениот командант на Армијата на РБиХ, Насер Ориќ, објави негова фотографија во друштво на српскиот пејач Аце Лукас, претседателот на СНСД и екс-претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави дека на Лукас повеќе нема да му биде дозволено да пее во ентитетот Република Српска.

На објавената фотографија, која е направена во ресторан во БиХ, се гледа и присуството на пејачот Шериф Коњевиќ.

Додик порачал дека Лукас длабоко го повредил српскиот народ дружејќи се и фотографирајќи се со Ориќ.

Прочитајте повеќе:

„По овој чин, Аца Лукас го изгуби кредибилитетот за каков било иден настап во Република Српска, особено на отворањето на зимската сезона во Јахорина“, рече Додик.

Српскиот пејач требаше да ја отвори зимската сезона на Јахорина на 12 декември.

Во 2017 година, Ориќ, поранешен командант на единицa на Армијата на БиХ (АБиХ) во Сребреница, беше ослободен од обвиненијата што го теретеа за убиство на тројца воени затвореници од српска националност, пресуда која предизвика остри реакции кај жртвите од војната.

Колку за потсетување, Лукас пред десетина дена беше приведен во полициска станица во Кавадарци поради неговиот настап во едно локално кафуле. Менаџерот на Лукас потврди дека Лукас имал уредни документи, иако МВР претходно информираше дека настапот бил одржан без дозвола за работа, дека во локалот се работело без фискални сметки, се прекршувал Законот за пушење и дека бројот на гости бил над дозволениот капацитет. Побараа премиерот и Владата да се извинат. Владата тоа го демантира.

„Јас и не знаев дека тоа се случило, да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од Кабинетот да ме информираат, пред неколку дена мислам дека беше. Претпоставувам дека некој сака да ја пренесе естрадата што таму ја има – овде. Но мислам дека не треба да му се посветува многу внимание. Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува. Многу строго и внимателно ќе го следиме однесувањето на ваков тип естрадни уметници и нивни менаџери“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Лукас и неговиот менаџерски тим најавија концерт во Скопје на 20-ти декември, а собраните парични средства ќе бидат донирани на семејствата на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.

Поврзани објави

Симеонова за „Локално“: Радев ужива голем рејтинг во Бугарија, но водењето на политичка партија е многу потешко отколку управувањето од претседателската институција

декември 5, 2025

Пленковиќ: Хрватска силно се залага за европската перспектива на земјите од Југоисточна Европа

декември 5, 2025

ПП-ДБ поднесе гласање за недоверба на кабинетот на Жељазков

декември 5, 2025
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.