Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

Шипковица, жителите сè уште евакуирани

Press OnlinePress Onlineдекември 2, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

По една недела по лизгањето на земјиштето во Шипковица, 17 жители од четири куќи и натаму не можат да се вратат во своите домови од страв дека повторно би можело да има свлечиште. Мумин Велија вели дека во моментов престојува кај брат му, додека преку ден настојува да биде во неговата куќа која е во ризик, бидејќи, како што истакнува тој, и кај неговиот брат нема услови за живеење.

„Тие што нè евакуираа од куќата беа вчера и ни рекоа дека одржале состанок, и дека во четврток ќе дојде и самиот градоначалник, така ни кажа раководителката на Центарот за управување со кризи и Црвениот крст. До сега не, но за четврток рекоа дека ќе одлучат. Ние сме кај брат ми, таму е тесно. Не сум се вратил, доаѓаме, чистиме и навечер сум таму, и ќе се вратиме ако нема некое друго решение. Тука мора да се изгради потпорен ѕид што е можно побрзо, затоа што сме во голем ризик, и ние и тие, бидејќи и нивните куќи се во опасност да се излизгаат надолу.“, вели Мумин Велија.

Од општина Тетово велат дека кризниот штаб одржал состанок и констатирал дека таму има ризик за жителите, и по наредба на СВР Тетово жителите се евакуирани.

„Општинскиот кризен штаб одржа состанок, на кој беа разгледани две точки од дневниот ред и беше констатирано дека состојбата е сериозна и бара итно решение. Беше известена и владата, а на состанокот учествуваа претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, општината и Министерството за внатрешни работи. Исто така, беше побарано стручните екипи да излезат на терен и да ја проценат ситуацијата. Од страна на СВР беше побарано да се евакуираат жителите и да се ограничи пристапот во делот каде што имаше лизгање на земјиштето.“, вели Албион Алили.

На терен, екипата на ТВ21 не забележа никаков сигурносна лента, ниту знак за забрана за движење или предупредување дека постои опасност.

Поврзани објави

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

декември 5, 2025

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

декември 5, 2025

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

декември 5, 2025
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.