Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

Попреченоста не е причина за исклученост, туку повод за повеќе грижа, солидарност и човечност

Press OnlinePress Onlineдекември 3, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани по повод 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост присуствуваше на настан во Владата на Република Северна Македонија. На настанот покрај претставници на Владата, присуствуваа и претставници на здруженија, лица со попреченост и деца со попреченост од државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ од Скопје.

Во своето обраќање кон присутните министерот Лимани истакна дека овој ден е потсетник на важна вистина дека инклузијата не е само законска обврска – таа е човечка должност и темел на праведно општество.

Тој рече во државата живеат над 94.000 лица со попреченост, а анализите покажуваат дека повеќе од една третина од граѓаните се соочуваат со некаква форма на попреченост. Овие бројки, посочи Лимани, не се статистика – тие се потсетник дека еднаквите можности мора да бидат срцето на сите наши политики.

„Како Министерство направивме важни чекори: го подобривме законодавството, ги зајакнавме социјалните услуги, вложивме во личната асистенција, раната интервенција, менталното здравје и поддршката за семејствата. Работиме на деинституционализација, поголема пристапност и вистинска вклученост во образованието, професијата и заедницата. Но знаеме дека има уште многу работа. Затоа создадовме модерен и транспарентен систем за проценка на попреченоста, воспоставуваме Национален регистар, нов информациски систем, дигитални алатки и асистивни технологии. Ги трансформираме услугите таму каде што им се најпотребни – во локалните заедници“, истакна Лимани.

Тој подвлече дека „инклузијата не се гради со документи – се гради со достапни улици, отворени училници, социјални услуги што навистина допираат до луѓето, и со поглед што не осудува, туку охрабрува.“

„Нашата држава ќе продолжи да инвестира во инклузијата не затоа што е европска препорака или законска обврска, туку затоа што е тоа исправно. Затоа што секое дете со поддршка денес, е независен млад човек утре. Секој млад човек што добива шанса да учи, работи и живее достоинствено, е граѓанин кој ја гради иднината на оваа земја. Ова е визијата што ме мотивира секој ден: општество во кое попреченоста не е причина за исклученост, туку повод за повеќе грижа, повеќе солидарност и повеќе човечност,“ рече Лимани.

Поврзани објави

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

декември 5, 2025

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

декември 5, 2025

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

декември 5, 2025
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.