Помалку прекршоци на вториот ден од пробното спроведување на системот „Safe City“! Иако има колони и чекањето е подолго семафорите, возачите велат дека ќе се навикнат на новите мерки. Стигнувате малку подоцна дома, но побезбедно. Граѓаните со поделени во мислења! Постарите го поздравуваат новиот систем, особено потребен за пешаците.
-Ова одамна требаше да се постави и многу е долг рокот на тестирање. Доволно е една недела и веднаш во акција! Гледате за еден ден колку прекршоци имаше, значи 110 илјади злоупотреби покажуваат дека итно треба, затоа што пешаците сме најнезаштитени во сообраќајот, вели граѓанин.
Прашање: Зошто овој народ да не биде казнет, зошто да не се едуцира да не прави прекршоци?
Граѓанин: Во ред е тоа, но сакам да кажам дека кога веќе е поставен системот, веднаш да функционира, не денес или утре на 3 места или 6 места – веднаш со казни и нема да има брат, сестра, вујко, пријател со врски, сите да бидат казнети.
Граѓанин: Јас сум возач и денес и вчера – да не ти се верува, дури и ако сакаш не можеш да направиш несреќа. 40–50 низ град толку беше возењето, ќе се навикнеме!
Прашање: Ја забележавте ли разликата?
Граѓанин: Многу се забележува! На подобро е, мислев дека сообраќајот ќе се намали, но излезе спротивното — движењето на возилата е подобро, нема нетрпение за долго чекање. Ќе видиме и ќе се навикнеме.
„Треба да се казнуваат, затоа што гледам како возат брзо. Јас бев во комисијата за полагање за возачки пред 30 години, а денес возат без документи! Младите возачи нека ги читаат книгите како што треба и нека го слушаат инструкторот. Јас да ти кажам – завршил автошкола, а мене ме прашува што да прави ако некој друг го удри, а вози автобус! Што да му кажам? Кој е виновен?“ – вели друг граѓанин.
Младите, пак, се изјаснуваат против мерките. Тие што зборуваа за ТВ21 велат дека ова им создава стрес при возење и бараат толеранцијата да биде најмалку 10% над дозволената брзина.
„Ние сме против овие камери затоа што создаваат голема деконцентрација при возење – каде да гледаме, горе или да возиме? Затоа пречат и законите се многу строги – за 50 да те казнат за 51. На пример, на семафор кога само што ќе се вклучи зеленото, автомобилите застануваат. Ни даваат многу стрес и тоа не е добро. Оваа ситуација може да направи повеќе компликации во сообраќајот. Добро кажа дека не знаеме дали да гледаме горе во камерата или долу во пешаците. Луѓето не возат над 40 km/h, не затоа што платите се високи, туку оние што зависат од платата секој ден ќе добиваат казни“, вели граѓанин.
„Јас мислам дека треба да се укинат! Зошто? Затоа што не можеме да ги возиме автомобилите!“ – вели друг граѓанин.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека на вториот ден значително се намалил бројот на прекршоците во Скопје.
Во споредба со првите 24 часа од тестирањето кога имаше 110 илјади прекршоци и граѓаните добиваа автоматски известувања на телефоните, полицијата вели дека возачите ја сфатиле пораката и реагирале.
„Во однос на податоците за вкупниот број регистрирани прекршоци во Скопје на 2 декември, за 24 часа се регистрирани вкупно 50.652 прекршоци, од кои 48.861 за брзина, 1.366 за црвено светло и 425 за нерегистрирани возила“, велат од МВР.
Властите велат дека проектот се тестира во Скопје. Во Куманово и Тетово се очекува да се активира во наредните денови, а на автопатите како Коридор 10 и Коридор 8 во текот на неделата. До средината на 2026 властите имаат цел да ги покријат сите градови со надзорни камери „Safe City“, а до 2050 година да ја намалат смртноста од сообраќајни несреќи на нула.

