Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

СДСМ со длабок рез во раководството

Press OnlinePress Onlineдекември 3, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Претседателот на СДСМ Венко Филипче го започна процесот на реорганизација и реформи во партијата, откако вчера побара оставка од целото раководство вклучително и целиот Извршен одбор. Ваквиот потег на Филипче доаѓа на само еден месец по локалните избори во која СДСМ излезе со лош резултат. По два часа дебата во партискиот штаб доцна синоќа, каде тој побарал колективна оставка, Филипче истакна дека сепак тоа нема да биде целосна смена туку парцијално освежување и кај потпретседателите и во Извршниот одбор.

–Го прифатија предлогот да едноставно се направи тој чин на формално мора поединечна оставка и ме овластија јас понатаму во разговор со секој еден од нив вклучувајќи ги и луѓето кои што досега беа во Извршниот одбор меѓутоа и други луѓе заеднички да направиме едно освежување на тимот. Разговаравме за активностите на партијата во следниот период, за предлог постулатите на новата програма и начинот како таа ќе ја презентираме пред граѓаните и пред партиските членови, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Од ВМРО-ДПМНЕ со коментар дека оставката требала да дојде токму од Филипче.

-Се додека Филипче бара одговорност од другите, членови на Извршен одбор и потпретседатели и генерални секретари а тој не поднесе оставка партијата ниту ќе има кредибилитет ниту ќе има легитимитет, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Колку ќе успее СДСМ да се крене на нозе со промена на партиско раководство и поставување, како што и самиот Филипче рече, со нови свежи кадри или се потребни поконкретни чекори? Комуникологот Петар Арсовски вели дека оставките се добри бидејќи натаму треба да следуваат подлабоки и посуштински промени во партијата кои се неопходни.

–Првиот чекор е добар во смисла на тоа дека се отвора простор за посериозни промени во кадровските решенија што може да и донесе подобар резултат понатака. Резултатите упатуваат дека таму е потребна некаква промена на идеологијата, односно политичката доктрина и политичката понуда што е случај секаде кај левицата во Европа. Потоа дека се потребни промени во организацијата и капацитетот за испорака на политики на партијата па и во комуникацијата со јавноста, изјави Петар Арсовски, комуниколог.

Арсовски додава и дека лошиот резултат на локалните избори не е пресуден за овој потег, бидејќи партијата е во тешка состојба веќе извесен период. Вели дека потегот за реформите нема да биде лесен ниту ќе може да се направи на краток рок.

Инаку, прва оставка од партијата поднесе потпретседателката Ана Чупеска уште по првиот круг на локалните избори. По неа оставка поднесе и кандидатот за градоначалник на Карпош и претседател на општинската организација Костадин Ацевски кој уште тогаш рече дека оставки треба да поднесат и претседателот Филипче и целото партиско раководство.

Поврзани објави

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

декември 5, 2025

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

декември 5, 2025

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

декември 5, 2025
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.