Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

Филипче го ресетира врвот на СДСМ – но кој ќе го ресетира Филипче?

Press OnlinePress Onlineдекември 3, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Раководството на СДСМ и членовите на Извршниот одбор вечерва поднесоа колективни оставки, по иницијатива на претседателот на партијата, Венко Филипче. Од СДСМ соопштија дека од функциите се повлекуваат заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари и сите членови на Извршниот одбор. Оставките се доставени до Централниот одбор и до лидерот на партијата.

Во партиското соопштение се нагласува дека со ваквиот потег се отвора простор за започнување нов процес во партијата.

„Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ.“

Според информациите од СДСМ, на следната седница на Централниот одбор, лидерот ќе предложи нови членови во органите на партијата, а функциите ќе бидат доверени на, како што велат, „најкомпетентните личности“.

Чупеска: Морален гест без анализа може да стане празна форма

Поранешната потпретседателка на СДСМ, Ана Чупеска, предупредува дека колективните оставки можат да се толкуваат позитивно, но само ако се проследени со јасно утврдена одговорност. Таа потенцира дека во актуелниот случај недостигаат клучни елементи што би ја оправдале тежината на потегот.

– Политичките оставки, особено колективните, може да бидат доживеани како морален чин во јавноста, што е легитимна перцепција. И тоа е добро! Меѓутоа, од суштинско значење е да се разгледа целта и политичката јасност на ваквиот потег, изјави, Чупеска.

Таа додава дека изостанува најкритичниот чекор — утврдување одговорност за изборниот резултат.

„Во конкретниот случај, каде што се поднесуваат колективни оставки, останува една клучна ‘непозната’ која може da ja поткопа нивната политичка тежина: тоа е , имено, отсуството на претходно утврдување на одговорностa!“

Според неа, утврдувањето пак на одговорност не може да се оствари ако има недостаток на дискусија за изборниот процес и резултатите.

– Ако има неподнесување на извештај кој детално ги анализира причините за постигнатиот резултат. Ако се изоставувi jавна дебата за проблематичните одлуки во изборниот процес, како и други клучни прашања кои влијаеле врз исходот, подвлече таа.

Таа предупредува дека без овие елементи, оставките може да бидат сфатени како формална, а не суштинска одлука.

„Во отсуство на овие елементи, колективната оставка… ризикува да биде толкувана како формален потег кој го избегнува суштинското соочување со причините за неуспехот.“

Чупеска заклучува дека ваквите чекори можат да создадат повеќе сомнежи отколку доверба:

„Со тоа, целта на ваквите оставки не е целосно постигната… тие создаваат вакуум на нејасност и сомнеж во јавноста за вистинските мотиви и причини.“

Атанасоски: „Рибата смрди од главата“ — без лидерска промена нема суштински пресврт

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски оценува дека самото менување на кадровските структури не е доволно доколку лидерскиот модел на функционирање остане ист.

„Многу пати сум велел, дека ‘рибата смрди од главата’, односно дека во Македонија, партиите се лидерски и електоратот се поистоветува со лидерите. Односно и сите да бидат променети, ако лидерот е ист, граѓаните ќе се поистоветуваат со него.“

Атанасоски истакнува примери од локалните избори кои покажуваат дека со добар избор на кадри може да се постигнат резултати и во услови на генерален пораз.

„Примерите со градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на Крива Паланка Сашо Митовски и Македонска Каменица Соња Стаменкова се доказ дека доколку кадровската понуда е погодена… граѓаните ќе гласаат за вашите кандидати за кои сметаат дека најдобро ќе ја водат нивната општина.“

Тој додава дека системско поставување на компетентни кадри може да ја промени перцепцијата кај гласачите:

„Доколку поставите кадровски решенија на секое ниво и во партијата, но и како кандидати-претенденти… работите можат да се придвижат од мртва точка и да се постигнат и забележителни резултати, а во односните општини, видовме и победи со овие кандидати кои директно го добија легитимитетот од граѓаните да ги водат нивните локални самоуправи.“

Кратко досие: СДСМ – од реформска структура до една од највлијателните партии

СДСМ е основана во 1991 година како наследничка на реформското крило на поранешниот Сојуз на комунистите на Македонија. Партијата се позиционира како центар-левичарска политичка сила со јасна ориентација кон ЕУ и НАТО. Во изминатите три децении СДСМ беше дел од неколку влади, имаше доминантна улога во процесите на евроатлантска интеграција и останува една од двете најголеми политички партии во Македонија.

Поврзани објави

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

декември 5, 2025

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

декември 5, 2025

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

декември 5, 2025
НАЈНОВО

Македонија дозна против кои селекции ќе игра на СП 2026 доколку го мине баражот

Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Гледаме работа на терен, тоа ми дава сигурност дека ќе имаме раст!

Битиќи: 18 месеци ја слушаме истата приказна, тек ќе слушаме за расипништвото

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.