Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Државата има рекордно полнење на буџетот, капиталните инвестиции за прв пат видливи на терен

Press OnlineBy Press Online5 декември 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, одговори на прашањата поврзани со најновата буџетска прераспределба и темпото на реализација на капиталните инвестиции.

Модераторот праша зошто прераспределбата се прави на самиот крај од годината, со оглед дека уште при ребалансот било јасно дека дел од капиталните проекти се реализираат со слабо темпо.

Пренџов, меѓутоа, истакна дека буџетот се полни стабилно и дека државата наплатува повеќе даночни средства отколку во претходните години.

„Доминантното полнење на државната каса доаѓа од два даноци – еден што го собира Управата за јавни приходи, и вториот што го собира Царинската управа. И УЈП и Царината наплатија неспоредливо повеќе средства отколку што било пред да дојдеме на власт. Не се согласувам дека државата не ги наплаќа даноците. Напротив, се наплатуваат согласно закон,“ рече Пренџов.

Говорејќи за капиталните инвестиции, тој повтори дека за прв пат по долго време реализацијата е видлива на терен.

„Како се правеле капиталните инвестиции до пред една или две години можеме да дискутираме, но секој граѓанин денес може да види дека за прв пат оваа година се градат два-три нови автопати на патот кон Охрид. Претходно, парите исчезнуваа, а на терен немаше ништо,“ рече тој.

Пренџов додаде дека градежни активности има и кон Битола, а речиси нема општина во која не се реализираат по неколку значајни инфраструктурни зафати.

„За мене, капитална инвестиција е она што граѓаните го гледаат и што има додадена вредност за нивниот живот. Спремен сум и со бројки да зборуваме колку капитални проекти се реализирани, особено во делот на автопатите,“ рече пратеникот.

Тој посочи дека во оваа прераспределба се обезбедени средства и за проектот за железница, што, како што додаде, е уште една значајна инвестиција која ќе се реализира во наредниот период.

Поврзани содржини

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026

Законското усогласување на минималецот е најдобра опција за експертите

24 јануари 2026
НАЈНОВО

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.