Доколку се пласира на Светското првенство 2026 година, репрезентацијата на Македонија ќе игра против Мексико, Кореја и Јужна Африка. Натпреварите би се играле во Мексико и во Атланта (САД). Во првото коло Македонија би се сретнала со Јужна Кореја во Запопан, потоа во второто со Јужна Африка во Атланта, и во третото со Мексико во Мексико Сити.
За да се пласира на Мундијалот идната година, Македонија најпрво треба да ја мине Данска на гости, а потоа да игра со победникот од дуелот Ирска – Чешка, исто така на гостински терен. Баражите ќе се играат кон крајот на март.
Денеска беа извлечени и другите групи на Мундијалот, кој ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Од поинтересните натпревари, Хрватска ќе игра против Англија, Бразил со Мороко, Франција против Норвешка. Светскиот првак Аргентина се падна со Алжир, Австрија и Јордан.
The stage is set. Who triumphs? 🏆@aramco | #FIFAWorldCup pic.twitter.com/21qBVC6KlE
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 5, 2025

