Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции

Press OnlineBy Press Online5 декември 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 остро реагираше на тврдењата на неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, дека прераспределбата на буџетот обезбедува средства за клучни инфраструктурни проекти, меѓу кои и за Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Битиќи ја демантираше оваа информација, посочувајќи дека ЈПДП воопшто не е дел од буџетската прераспределба.

„Колегата Пренџов кажа дека има пари за ЈПДП – тоа не е вистина. Прераспределбата не го опфаќа ЈПДП. Тоа е вонбуџетска институција и воопшто не е засегната. Ова се прераспоредуваат средства само кај буџетските институции,“ рече Битиќи.

Тој додаде дека дополнителни средства има само за железничката инфраструктура преку Министерството за транспорт и врски, а не за патната инфраструктура.

„Да, има пари за железници, но тие одат во Министерството за транспорт и врски, од каде се пренасочуваат кон Македонски железници. ЈПДП не се занимава со железници, туку со патна инфраструктура – тоа се две сосема различни области,“ објасни пратеникот.

Според Битиќи, најголемиот проблем е што прераспределбата открива сериозни слабости во реализацијата на капиталните инвестиции.

„Најавивте околу 800 милиони евра капитални инвестиции за оваа година. А сте реализирале само 50 проценти – околу 400 милиони евра. И одеднаш, 200 милиони евра од капиталните расходи ги пренасочувате на други места,“ посочи тој.

Битиќи предупреди дека средствата кои формално остануваат во рамка на капитални расходи не ја задржуваат суштинската намена.

„Може да ги прикажете како капитални трошоци, но нивната примена е различна. Може да платите гаранција за понатамошно задолжување, за да се обезбедат пари за општините – но тоа не е капитална инвестиција,“ нагласи тој.

Во својата изјава, Битиќи оцени дека прераспределбата е „доказ за неспособноста и неможноста на Владата да го реализира она што самата го испланирала“.

Поврзани содржини

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026

Законското усогласување на минималецот е најдобра опција за експертите

24 јануари 2026
НАЈНОВО

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.