Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Утре обилни врнежи од дожд во централните и источните делови на Македонија

25 јануари 2026

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Дебата во Клик Плус, за обвинитeлството, судството, нов јавен обвинител

Press OnlineBy Press Online12 декември 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Обвинението за случајот „Пулс“ е прилично проблематично од неколку аспекти, согласни се адвокатите Владимир Туфегџиќ и Еленко Миланов. Како што велат тие, не може сите лица кои што се опфатени со обвинението да бидат обвинети за соизвршителство, бидејќи голем дел од нив, во моментот на трагедијата, односно пожарот на никаков начин не биле директно или индиректно поврзани со дискотеката. Како што велат, од вкупно 15 обвинители во тимот, најмалку петтмина не се согласуваат со вакво конструирано обвинение.

-Нирнбершки процес имаше 4 обвинители, али вие во ваков предмет да ставите 15 обвинители и да составите тим, од кои сите 15 лично ги познавам, и убеден сум, и сигурен, и тврдам дека најмалку пет обвинители не се согласуваат со ваквиот концепт на обвинението, но тоа го држат за себе, изјави Владимир Туфегџиќ, адвокат.

–Не пет обвинители, ова обвинение го држат двајца до тројца обвинители кои мислат дека има простор, вели Еленко Миланов, адвокат.

Најголемиот проблем на самото обвинение според адвокатите, е тоа што Обвинителството ги гони сите обвинети за исто кривично дело и бара каузалитет во причинско последичната врска. За да има ефикасен судски процес, преку кој би се октриле и осудиле вистинските виновници, порачуваат дека Обвинителството би морало да го преиспита обвинението. Тоа велат би требало да го стори новиот републички обвинител, кој ќе биде назначен на местото на Коцевски, доколку биде разрешен во собраниска процедура.

–Со овој состав и со ваков пристап на работите в ЈО, не верувам дека тоа бргу ќе се случи, но верувам дека ќе дојде некоја нова постапа која некако поинаку гледа и малку е попрагматична од досегашниве, изјави Владимир Туфегџиќ, адвокат.

–Законски може, може да свика колегиум, проширен колегиум, може, но кредибилитетот е тоа што, дали ќе се најде на удар, еве од сите работи се фати за овој предмет, вели Еленко Миланов, адвокат.

Според нив евентуалното преиспитување на самото обвинение, и негово подобро составување, би придонело судскиот процес побрзо да заврши и да бидат осудени евентуалните директни виновници за трагедијата.

Поврзани содржини

Утре обилни врнежи од дожд во централните и источните делови на Македонија

25 јануари 2026

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026
НАЈНОВО

Утре обилни врнежи од дожд во централните и источните делови на Македонија

25 јануари 2026

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.