Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Скопје конечно добива Луна Парк!

Press OnlineBy Press Online12 декември 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што по децении неизвесност конечно ќе го донесе модерниот семеен парк за забава што го заслужува Скопје. 

Со започнувањето на јавната набавка за проектирање и монтажа, градот влегува во нова фаза на урбана трансформација која ќе понуди современи атракции, целосна пристапност и нови содржини за сите генерации.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски: 

Конечно, Скопје добива Луна Парк!

Почитувани скопјани, 

со особено задоволство сакам да ве информирам дека по долги години оддолговлекувања и лажни ветувања, денес започнува јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк. 

По децении изминати во кои генерации деца беа лишени од местото што им припаѓа, место за игра, радост и незаборавни моменти, конечно започнуваме со реализација на проект што ќе ја означи новата ера на семејна забава во нашиот град.

Пред нас е изградба на ултра модерен Луна парк, еден од најдобрите во регионот, изграден според највисоки европски стандарди. 

Ќе создадеме простор исполнет со ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и целосно ново ниво на урбана забава. 

 Посебно внимание посветуваме на пристапноста. 

Луна паркот ќе биде комплетно прилагоден и за лицата со попреченост, со најсовремени системи за безбедност, видео надзор и прва помош.

На овој простор од 84.000 квадратни метри ќе никне место каде семејствата ќе поминуваат квалитетно време заедно, каде ќе има зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена. 

Панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка и уште многу други реквизити ќе создадат уникатна атмосфера која ќе го збогати туристичкиот имиџ на Скопје.

Почитувани скопјани, како што ветив – најдоброто доаѓа!

Скопјани конечно добиваат Луна парк што ќе биде симбол на нов почеток, на едно модерно, гордо и достоинствено Скопје.

Поврзани содржини

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.