Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

„Македонска свадба“ со млади лица со Даунов синдром

Press OnlineBy Press Online14 декември 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Домот на култура „Билјана Беличанец“ се одржа настанот „Македонска свадба“, во организација на Здружението „Трисомија 21“, а со поддршка на Општина Кисела Вода. Преку игра, песна и автентични македонски обичаи, во соработка со фолклорниот ансамбл „Седенка”, млади лица со Даунов синдром ја прикажаа убавината на македонската традиција и испратија силна порака за прифаќање, видливост и еднакви можности.Настанот уште еднаш ја нагласи важноста на инклузијата како долгорочна општествена определба, која се реализира преку конкретни политики, институционална поддршка и препознавање на потенцијалот на секој поединец.

-Поддршката на лицата со Даунов синдром и воопшто на лицата со попреченост не смее да биде само декларативна. Како Општина, ние имаме јасна и континуирана заложба да создаваме услови за нивна реална вклученост во заедницата, во културниот, социјалниот, но и во работниот живот.Општина Кисела Вода е првата општина која вработи лице со Даунов синдром. Стефан е дел од нашиот тим, рамноправно учествува во секојдневните обврски и е пример дека кога институциите ќе покажат доверба и ќе дадат можност, резултатите се видливи и позитивни.Ваквите настани, пак, како проектот „Македонска свадба“, се важни затоа што ја зголемуваат видливоста, ја рушат стигмата и потсетуваат дека овие млади луѓе имаат талент, желба и потенцијал. Општина Кисела Вода ќе продолжи да ги поддржува здруженијата и иницијативите кои придонесуваат кон вистинска инклузија и еднакви можности за сите граѓани- изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Поврзани содржини

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.