СВР-Тетово соопштува дека поради несреќа на автопатот Гостивар-Тетово, сообраќајот се пренасочува по една лента. СВР Тетово известува дека несреќата се случила во 20:05 часот помеѓу „Мерцедес“ со австриски регистарски таблички и „БМВ“ со тетовски регистарски таблички. Додаваат дека во несреќата се повредени 8 лица.
„Денес (13.12.2025), во 20:05 часот, на патот Гостивар-Тетово, по клучката „Камењане“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.
Во оваа несреќа се повредени осум лица, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Клиничкиот центар Тетово“, соопшти СВР Тетово.

