Сончевото и тивко време продолжува и утре. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност.
Минималната температура ќе се спушти -6 степени, додека максималната ќе достигне +13.



