Шкендија му го донесе најголемиот успех на македонскиот клупски фудбал, откако вечерва обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на конференции, и покрај поразот на гостински терен од кипарски АЕК од1-0 (0-0) во завршното шесто коло од групната фаза.
Актуелниот македонски шампион ја заврши групната фаза на 22. место на табелата, со седум бодови, што на крајот беше доволно да обезбеди продолжување напролет на својот настап во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Жрепката за плејофот во која ќе се најдат екипите пласирани од 9. до 24. место е закажана за 16. јануари во Нион. Првите натпревари се на програмата на 19 февруари, а реваншите една недела подоцна

