Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026

Зеленски: Конструктивни разговори со САД и Русија, можни се нови средби наскоро

24 јануари 2026

Орбан: На изборите ќе се одлучува Унгарија да не стане „должнички роб“ поради Украина

24 јануари 2026

Законското усогласување на минималецот е најдобра опција за експертите

24 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Почина Васил Рингов, симболот на едно златно време

Press OnlineBy Press Online23 декември 2025 Спорт
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонскиот фудбал денеска ја изгуби една од своите најсветли фигури.

На 70-годишна возраст, по кратко боледување, почина Васил Рингов – легендата на Вардар и име кое со златни букви е запишано во историјата на југословенскиот и македонскиот фудбал.

Роден во Струмица, Рингов својот фудбалски пат го започна во младинските категории на Беласица, но неговата судбина беше нераскинливо поврзана со скопски Вардар. Во дресот на најтрофејниот македонски клуб, низ два периоди (1977–1983 и 1984–1986), тој ги доживеа своите најблескави моменти. Со повеќе од 200 одиграни натпревари и неверојатни 92 постигнати гола во силната југословенска конкуренција, Рингов стана симбол на една неповторлива ера.

Неговата меѓународна репутација го однесе и во редовите на загрепски Динамо, како и во германскиот Ајнтрахт Брауншвајг, каде со гордост го претставуваше македонскиот фудбалски талент.

Веста за неговата смрт со длабока тага беше примена од целата спортска јавност. Од Фудбалската репрезентација на Македонија се простија од него со зборови кои ја отсликуваат неговата големина надвор од теренот:

„Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство. Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината. Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина. Кога работеше, оставаше белег.“

Поврзани содржини

Македонските ракометари ја победија Романија во последната секунда на Европското првенство

20 јануари 2026

Почина претседателот на Фиорентина

17 јануари 2026

Лазаров ги одбра 19-те ракометари кои ќе настапат за Македонија на Европското првенство

6 јануари 2026
НАЈНОВО

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026

Зеленски: Конструктивни разговори со САД и Русија, можни се нови средби наскоро

24 јануари 2026

Орбан: На изборите ќе се одлучува Унгарија да не стане „должнички роб“ поради Украина

24 јануари 2026

Законското усогласување на минималецот е најдобра опција за експертите

24 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.