Лука Модриќ, Јошко Гвардиол и селекторот на Хрватска, Златко Далиќ испратија видео порака со честитки до Гоце Седлоски кој е назначен за селектор на Македонија.
Како што е познато Седлоски остави длабока трага во Динамо Загреб како играч и тренер, но воопшто и во Хрватска важи за големо фудбалско име.
Гоце Седлоски пред неколку дена е назначен за селектор на Македонија, а својот прв меч ќе го има во март против Данска, во полуфиналето во плејофот за пласман на СП.

