Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Поради драмата со Бред Пит, Џоли ја продава вилата од 25 милиони долари и го напушта Холивуд

Press OnlineBy Press Online5 јануари 2026 Магазин
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Анџелина Џоли го напушта Холивуд за да започне ново поглавје во својот живот, најверојатно надвор од Соединетите Американски Држави. Познатата 50-годишна актерка, режисерка и хуманитарка го продава својот историски имот Сесил Б. ДеМил во Лос Анџелес, вреден 25 милиони долари, каде што живее од 2016 година, а на потенцијални купувачи веќе тивко го покажала, потврдија извори за американските медиуми, пренесува „Пејџ сикс“.

Главната причина за заминувањето е болниот развод од нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит (62), со кого конечно постигна спогодба на 30 декември 2024 година, осум години откако го поднесе барањето.

„Не може доволмо да се оддалечи од драмата… единствениот начин да се одмори е да си замине“, рекол Џеј Бенџамин, актер и продуцент чија поврзасност со Џоли датира од 2005 година.

„Таа ќе оди и ќе се опушти – ќе работи само на работи што го покренуваат нејзиното срце, душа и страст. Таа е прекрасна, талентирана и дарежлива жена“, додал Бенџамин.

Џоли и претходно ја изрази својата желба да го напушти Лос Анџелес, нагласувајќи дека е врзана за градот само додека нејзините шест деца со Пит не наполнат 18 години. Тоа ќе се случи во јули оваа година, кога близнаците Нокс и Вивиен го слават својот роденден. Анџелина и Бред ги имаат и синот Медокс (24), роден во Камбоџа, Пакс (22) од Виетнам, ќерките Захара (20) од Етиопија и Шајло (19).

Уште во 2021 година, таа изјави дека го купила имотот во Лос Анџелес првенствено за да биде блиску до таткото на своите деца.

Би можело да Ве интересира

„Сакав да бидам блиску до нивниот татко, кој е само пет минути оддалечен“, рекла таа во тоа време.

Меѓутоа, во интервју за „Харперс базар“ во 2019 година, таа јасно стави до знаење: „Ќе живеам во странство и ќе го сторам тоа штом моите деца наполнат 18 години. Во моментов морам да живеам таму каде што нивниот татко ќе избере да живее“.

Односите со Пит се влошија по инцидент во приватниот авион во 2016 година, кога Џоли го обвини за физички и вербален напад врз неа и децата. Иако ФБИ не поднесе обвинение, на Џоли ѝ беше доделено примарно старателство, а некои од децата оттогаш одлучија да се откажат од презимето „Пит“. Шајло го направи тоа легално на својот 18-ти роденден во 2024 година.

Оваа година, Анџелина планира да живее на релацијата помеѓу Њујорк, каде што го води својот моден колектив Ателје Џоли, Европа, каде што бара „поголема приватност“, и Камбоџа, нејзиниот долгогодишен втор дом чија државјанка е. Џоли долго време се смета себеси за „граѓанин на светот“ со аспирации надвор од родниот Лос Анџелес.

 

Поврзани содржини

(Фото) Хајди Клум пак ги покажа голите гради и интимните делови, но овој пат со еден трик!

23 јануари 2026

(Фото) Очилата на Макрон од 659 евра буквално го урнаа интернет!

22 јануари 2026

Оскари 2026 ќе бидат многу возбудливи: Рекордни 16 номинации за „Грешници“!

22 јануари 2026
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.