Во Тетово, на улица 146, денеска се случил одрон на земјиште и карпи кои паднале врз куќа, при што објектот е оштетен, а покривот на автомобилот паркиран пред куќата е покриен со камења.

Според првичните информации, семејството кое живее во куќата е физички неповредено, чудесно избегнало трагедија. На куќата се забележани оштетувања на кровната конструкција, а дел од ѕидовите се погодени од паднатите камења.


На местото излезени се екипи од општинските служби за итни интервенции и градежни инспектори, кои ја обезбедуваат околината и ја проценуваат состојбата на објектот и потенцијалната опасност од нови одрони.



