Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Последици од поплавите во Кичево

Press OnlineBy Press Online9 јануари 2026 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од поплавите во Кичево погоден е и стадионот на „Велазерими“.
Вчера од оваа страна на стадионот немаше пристап, додека денес состојбата беше малку посмирена. Сепак, штетите се големи – стадионот е поплавен, соблекувалните се во очајна состојба, сè внатре е уништено, натопено и оштетено.

Сите машини биле под вода и се надвор од функција, со непоправлива штета.

Лицето задолжено за одржување на стадионот изјави дека има огромни штети.

„Многу лошо беше, искрено да ви кажам. Едвај успеав да влезам, водата беше до колена внатре. Многу лошо. Машините и сè внатре е оштетено, сега ќе видите.“.

И делот од стадионот со вештачка трева претрпе големи оштетувања, кои тешко ќе можат да се санираат. Еден навивач кого го сретнавме таму, Исмет Фејза, изјави дека штетата е многу голема.

„Овде денес гледам дека е направена голема штета. Подлогата е подигната, бидејќи ова е во форма на тепих, се создале нерамнини што тешко се поправаат. Треба да се отстрани, да се израмни и повторно да се постави сè. Но, според мене, најголемата штета е тоа што водата ги однела гумените гранули кои ги штитат влакната на вештачката трева од оштетување и ги заштитуваат играчите за време на играта да не се лизгаат.“, изјави Исмет Фејза.

Реагираа и од раководството на ФК „Велазерими“ во врска со штетите предизвикани од дождовите.

„Причинетите штети ги опфаќаат речиси сите сегменти од нормалното функционирање на клубот, почнувајќи од вештачкиот терен, соблекувалните и помошните простории, машините за перење и сушење, компјутерската опрема, спортската опрема на играчите, лекарската просторија со лекови и медицински материјали, како и ѕидовите, вратите и целата внатрешна инфраструктура и инвентарот што го поседува еден спортски клуб.“, велат од ФК Велазерими.

Од клубот апелираат до љубителите на спортот да помогнат во санацијата на штетата што му е нанесена на стадионот.

Стадионот се наоѓа во близина на населбата Прилепска, каде што беа поплавени многу куќи кои сè уште се полни со вода. Од утре се очекува излегување на терен за проценка на причинетата штета. Во меѓувреме, над 100 жители од овие куќи се евакуирани и се сместени во спортската сала „Христо Узунов“ во Иванидол.

Поврзани содржини

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.