Професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, се двете имиња кои ќе го попоплнат Судскиот совет. Овие двајца кандидати се предложени од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Шефицата на државата претходно најави дека ќе почека Собранието да ги усвои законските измени, а потоа ќе ги даде своите предлози.
Според информациите потврдени од Кабинетот на претседателот, се работи за профили со долгогодишно искуство во фелата.
Со овие две кандидатки треба да се комплетира Судскиот совет.
Судскиот совет брои вкупно 15 членови:
8 членови избираат судиите од своите редови на непосредни избори.
3 членови избира Собранието (со Бадентерово мнозинство).
2 членови предлага Претседателот на државата (тековните предлози).
2 членови по функција (Претседателот на Врховен суд и Министерот за правда) – тие присуствуваат на седниците, но немаат право на глас.
Предлозите на Сиљановска-Давкова се очекува во понеделнк да влезат во собраниска процедура.

