Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Утре обилни врнежи од дожд во централните и источните делови на Македонија

25 јануари 2026

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ФЗО склучи договор со ПМФ за вршење молекуларно-дијагностички анализи

Press OnlineBy Press Online9 јануари 2026 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) склучи договор со Природно-математичкиот факултет (ПМФ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за вршење молекуларно-дијагностички анализи.

Договорот го потпишаа генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, г. Сашо Клековски, и деканот на Природно-математичкиот факултет, г. Даворин Трпески.

Лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ е една од најмодерните лаборатории во земјата. Таа располага со напредна опрема за молекуларно-дијагностички анализи, вклучително и секвенционирање од новата генерација (NGS).

Првата цел во овој момент е проширување на мрежата и зголемување на капацитетот за онколошки анализи, односно за прецизно и брзо утврдување на генски мутации кои се клучни за избор на целна онколошка терапија. Најсовремената опрема и стручниот кадар со долгогодишно искуство ќе придонесат за поефикасно одговарање на зголемената потреба од онколошки анализи во здравствениот систем и ќе претставуваат значајна поддршка на постоечките капацитети.

Втората цел, како образовна и научна установа од областа на молекуларната биологија и генетиката, ПМФ со овој договор ќе им овозможи на студентите и вработените поголеми можности за практична примена на стекнатите знаења.

Со овој договор се проширува националната мрежа за молекуларно-дијагностички услуги, што претставува значаен чекор напред за здравствениот систем во земјата.

Во моментов, Фондот има договори за NGS-анализи со следните установи:

Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) – претежно за ретки и наследни болести,

Медицински факултет – Институт за патологија – претежно за онкологија,

Медицински факултет – Институт за имунологија – претежно за имунодефициенции и трансплантации,

Медицински факултет – Институт за судска медицина – претежно за форензика,

Фармацевтски факултет – претежно за хематологија и онкологија,

Институт за јавно здравје – претежно за вирусологија.

NGS-анализи извршуваат и приватни лаборатории, како и Ветеринарниот факултет.

Бројот на услуги во 2025 година (проекција) е зголемен за околу 22 % во однос на 2023 година, додека буџетот е зголемен за над 40 %, што овозможува поцелосни и посложени генетски истражувања.

Се унапредува дијагностиката за рак, со цел поголема успешност во лекувањето.

Овој договор претставува почеток на поширока соработка. Со ПМФ се разговара за воведување нови услуги, вклучително и генетска дијагностика пред имплантација (PGD) кај бременост со биомедицински потпомогнато оплодување (БПО). Станува збор за анализа на неколку клетки од ембрионот уште пред негово внесување во матката, со цел избор на ембриони без патолошки мутации. Со тоа значително се намалува ризикот од појава на одредени вродени заболувања и се зголемува шансата за успешна бременост.

Поврзани содржини

Утре обилни врнежи од дожд во централните и источните делови на Македонија

25 јануари 2026

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026
НАЈНОВО

Утре обилни врнежи од дожд во централните и источните делови на Македонија

25 јануари 2026

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.