Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Трамп не е популарен – Германците открија што мислат за него

25 јануари 2026

Утре обилни врнежи од дожд во централните и источните делови на Македонија

25 јануари 2026

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Две лица приведени за сообраќајната несреќа во која вчера возач усмрти жена во Скопје, се трага по 18-годишниот возач и неговиот татко

Press OnlineBy Press Online10 јануари 2026 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје околу 11:30 часот, во која патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (18) од Скопје, удри во Љ.Ј. (79) од Скопје, која почина од здобиените повреди, а возачот со возилото избега од местото на настанот.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презедоа мерки и активности за пронаоѓање на возачот и возилото. Преку камерите на „Безбеден град“ и дополнителни проверки на камерите на околните објекти, како и изјави на сведоци, утврдено е дека се работи за патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.С. (45) од Скопје, а управувано од неговиот син С.С. (18). Возилото е пронајдено пред домот на сопственикот, а таму е затекнат С.С. (69), кој е приведен во полициска станица и со него е извршен службен разговор. Утврдено е дека возачот С.С. (18) и неговиот татко Б.С. (45), со помош на Ш.П. (45) и А.Ј.(53) од Скопје, ја напуштиле државата во текот на вчерашниот ден.  Ш.П. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторено кривично дело „помагање на сторител  во извршено кривично дело“ по чл.365 ст.2 а во врска со чл.300 и 301 од КЗ.

Против возачот С.С. (18) е поднесена кривична пријава за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по чл.300 ст.2, а во врска со чл.297 ст.1 од КЗ и за ,,неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода” по чл.301 ст.2, а во врска со чл 300 ст.2 од КЗ и се преземаат мерки за негово пронаоѓање и пронаоѓање на Б.С.. За двете лица распишана е потерница, а пронајдени се возилото „фолксваген пасат“ со кое е удрена жената и возилото „мерцедес“ со кое С.С. и Б.С. ја напуштиле државата и двете возила се одземени во полициска станица и известен е јавен обвинител за понатамошна постапка.

Поврзани содржини

Утре обилни врнежи од дожд во централните и источните делови на Македонија

25 јануари 2026

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026
НАЈНОВО

Трамп не е популарен – Германците открија што мислат за него

25 јануари 2026

Утре обилни врнежи од дожд во централните и источните делови на Македонија

25 јануари 2026

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.