Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Обилните врнежи предизвикаа одрони и локални поплави, службите во постојана готовност

Press OnlineBy Press Online10 јануари 2026 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Како последица на обилните врнежи од дожд, до 12:30 часот се регистрирани одрони, свлечишта и локални поплави во повеќе региони низ државата, информираат надлежните служби.

Во Штип, поради претходните врнежи, зачестени се одроните од камења и свлечишта на коловозите, што бара зголемена внимателност при сообраќајот.

Во Скопскиот регион нема нарушување на редовната состојба и не се пријавени проблеми поврзани со дождот.

Во Охрид, до 12:30 часот нема пријави за поплавени објекти. Дождот е престанат, а екипите на Кризниот штаб извршија теренска проверка на критичните точки на реката Далјан кај селата Орман и Дебелополе. Регистрирано е излевање на реката Сушица во делот на улицата „Прилепска“, каде што интервенира ЈП „Нискоградба“ со механизација за спречување на понатамошно излевање. Надлежните предупредуваат дека доколку продолжат врнежите, постои опасност од излевање на реката Далјан кај Косел и селото Вапила.

Во Струга, пријавени се поплавени дворови во 4-ти Реон кај Мислешевски пат, како последица од надојдените води од Струшкото поле. На терен се екипи од ТППЕ-Струга кои со пумпи вршат испумпување, а известени се и сите надлежни институции. На патниот правец Дебар – Струга има одрони, а екипи на „Македонија пат“ се на терен и го одржуваат патот прооден.

Во Велес, нема нарушување на редовната состојба од дождот и снегот.

Во Битолскиот регион, состојбата во градот е нормализирана. Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини од 10 до 20 хектари, без опасност за куќите. Во селата Жабени и Породин поплавени се околу 70 до 80 хектари земјоделско земјиште, додека излевањето на Елешка Река зафати околу 50 хектари, при што водата постепено се повлекува во коритото. Патот кон Буковскиот манастир е сериозно оштетен, а ЈП „Нискоградба“ интервенира со градежна механизација. Поради оштетување на мост на Боишка река, локалниот пат кон селото Мренога е затворен за сообраќај. Поради поматување на водата за пиење, се препорачува нејзино превривање најмалку 10 минути.

Нивото на Црна Река кај селото Бучин е покачено, но стабилно и без опасност од излевање, при што насипите се дополнително зајакнати.

Во Крушево, следната недела ќе се формира комисија за пријавување на штети од поројните врнежи. Во Општина Долнени, досега е пријавена штета од еден жител во селото Лажани, а поплавувања имало и во селото Пешталево, каде што е интервенирано за расчистување на каналите.

Во Ресенскиот регион, поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и магацини за складирање јаболка. Нивото на Голема Река е зголемено од 1,40 на 1,65 метри, а сите расположливи машини и пумпи се ангажирани за испумпување на водата.

Во Струмица, засега нема пријави за штети, врнежите се со послаб интензитет и нема опасност од излевање на реките. Слична е состојбата и во Куманово, Липково, Ранковце, Старо Нагоричане, како и во Крива Паланка и Кратово, каде што сите патни правци се проодни по влажни коловози.

Во Тетово и Гостивар, до 12 часот не се пријавени штети од врнежите. Надлежните служби продолжуваат со мониторинг на состојбата на терен.

Поврзани содржини

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.