Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Обилни врнежи предизвикаа излевања, поплави и одрони во повеќе региони

Press OnlineBy Press Online10 јануари 2026 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Обилните врнежи од дожд и снег во изминатите денови предизвикаа проблеми на повеќе локации во земјата. Според вонредната информација на Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 09:00 часот најмногу последици се регистрирани во источниот и југозападниот дел од државата, како и во делови од Пелагонија и Полошкиот регион.

Во Кочани и Штип, кај Оризарска река во селото Грдовци е забележано излевање. Водостопанство „Брегалница“ интервенира со багер гасеничар, а механизацијата останува на терен. Од понеделник ќе започне чистење на речното корито од Грдовци кон Оризари за да се спречат идни несакани последици. Сообраќајот на патниот правец Кочани – Грдовци е нормализиран, а одрони се појавуваат на повеќе локални патишта во источниот дел, каде „Македонијапат“ интервенира во расчистувањето.

Во Битола, во населбата Стрчин, КЈП „Нискоградба“ расчистува нанос од чакал и земја. Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини, но без опасност по објекти. Поплавени земјоделски површини се пријавени и во селата Жабени и Породин, а „Водостопанство“ интервенира на Жабјанска река. Се бележи излевање и на Елешка река со поплавени површини, но нивото на водата во поголемиот дел од реките е во опаѓање.

Во Ресен се поплавени земјоделски површини, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање јаболка. Нивото на Голема река е намалено од 2,20 на 1,40 метри. Екипи од локалната самоуправа, „Македонијапат“ и ЈКП „Пролетер“ вршат увид на терен, а состојбата е нормализирана.

Во Крушево, поради поројните врнежи водата за пиење е заматена и се препорачува превривање најмалку 10 минути. Нивото на Црна река кај Бучин е покачено, но водата која се излеала се повлекла. Надлежните екипи работат на зајакнување на насипите кај критичните точки.

Во Демир Хисар е затворен локалниот пат кон селото Мренога поради оштетување на мост на Боишка река. Локацијата е обезбедена од надлежните служби.

Од Прилеп се пријавени поплавени дворови и приземни простории во селото Лажани, каде е регистрирана и штета на тутун. Поплавувања има и во селото Пешталево поради неисчистени канали. За расчистување интервенирала градежна механизација.

Во Тетово, патот кон Бање е исчистен, но СВР Тетово го забрани сообраќајот од безбедносни причини. Патиштата кон селата Жерма и Бродец се проодни, а состојбата во селото Стримница (Општина Желино) се следи континуирано од надлежните служби.

Поврзани содржини

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.