Нивото на реката Вардар во Скопје е покачено како последица од обилните врнежи што ја зафатија земјата во изминатите денови.
Од Управата за хидрометеоролошки работи апелираат за зголемено внимание при движење во близина на речното корито, особено на пониските и слабо осветлени делови покрај кејот.
Во наредните часови водостојот ќе се задржи висок во Скопје и во горните делови од речните сливови, со тенденција на постепено намалување во текот на ноќта.

